Свет
Бројот на депортации во Австрија зголемен 36 отсто
Бројот на депортациите на неуспешните баратели на азил и илегалните имигранти во Австрија се зголеми 36 отсто во споредба со 2017 година кога за министер за внатрешни работи беше назначен Херберт Кикл од популистичката Партија на слободата (ФПО), пренесува „Брејтбарт“.
Во првите пет месеци од 2018 година австриското МВР регистрирало 2.926 депортации на неуспешни баратели на азил и илегални мигранти – 450 повеќе од минатата година. Покрај тоа, 2.114 мигранти самоиницијативно си заминале, пишува „Oe 24“. Бројот на барања за азил исто така се намали 40 отсто од почетокот на 2018 година. Досега годинава беа најавени 34 лета за депортации, заедно со два автобуса, при што повеќето летови беа за Косово и Нигерија.
Извештајот е објавен кога Кикл во март вети дека ќе го реорганизира австрискиот систем за азил по неколку насилни инциденти вклучувајќи го нападот со нож врз семејството во Виена од еден авганистански азилант. Австриското МВР неделава објави дека ќе побара од Федералната канцеларија за азил да ѝ даде на јавноста повеќе информации за неуспешните случаи на азил и на депортација со цел да ѝ се даде овозможи транспарентност на пошироката јавност. Еден од ефектите на отворање информации за јавноста ќе биде што агенцијата за азил сега ќе може да наведе кога мигрантите се депортирани за злосторства и какви извршиле.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц се спротивстави на предлогот на германската канцеларка Ангела Меркел да ги поврзе финансиите на ЕУ со квотите за мигранти барајќи посилни граници наместо редистрибуција на мигранти.
Засилените депортации се само дел од успехот на конзервативната популистичка влада предводена од канцеларот и лидер на австриската Народна партија, Себастијан Курц, кој беше јасен за својата поддршка за посилни европски граници и го отфрли системот на квоти на мигрантите на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.