Свет
Бројот на жртви од корона вирусот се искачи на 17
Во Кина се потврдени 17 жртви на новиот корона вирус, а заболени се 571. Во Вухан затворени се сите транспортни мрежи, а откажани се и и сите летови. Постои сомневање дека уште 393 лица се заболени од вирусот.
Властите на Вухан, од каде што се појави вирусот, ги повикаа граѓаните да не го напуштаат градот, освен ако не се работи за посебни околности.
Бројот на пријавени случаи на Тајланд се искачи на четири, а во Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и во САД е пријавен по еден случај.
Некои експерти сметаат дека новиот вирус не е опасен како САРС, од кој починаа повеќе од 700 луѓе во 2012 година.
Засега не постои лек против корона вирусот, чии симптоми се треска, отежнато дишење и кашлање, а може да предизвика и воспаление на белите дробови.
Сè уште се утврдува причината за појавата на вирусот. Потврдено е дека се појавил на пазар во Вухан, каде што имало нелегална продажба на диви животни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.