Свет
Бројот на мртви при експлозија на нафтовод во Мексико се искачи на 85
Бројот на загинати луѓе при експлозија на нафтовод во централниот дел на Мексико се зголеми на 85, објави во неделата мексиканскиот министер за здравство.
Уште 58 лица се хоспитализирани, изјави министерот за здравство, Хорхе Алоцер, на прес-конференција.
Експлозијата се случи во петокот, кога 800 лица во областа Тлахуелилпан собрале гориво што истекло од главниот нафтовод.
Несреќата ја предизвикаке крадци на нафта, објавија властите во саботата, а претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор застана во одбрана на армијата, иако нејзини припадници не успеале да ја обезбедат локацијата пред експлозијата.
Еден сведок опиша дека речиси празничната атмосфера меѓу стотици луѓе кои полнеле садови со истечената нафта се претворила во ужас поради експлозија што членовите на толпата ги расфрлала во разни правци, притоа палејќи ја нивната облека и предизвикувајќи им сериозни изгореници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД и 17 земји му порачаа на Хамас: Ослободете ги заложниците, тоа може да ја реши кризата во Газа
Соединетите Американски Држави и 17 други земји денеска апелираа до Хамас да ги ослободи заложниците како начин да се стави крај на кризата во Газа. „Повикуваме на итно ослободување на сите заложници кои Хамас ги држи во Газа повеќе од 200 дена“, се вели во соопштението на земјите, кое висок американски функционер го нарече извонредна слика на едногласност.
Тие 18 земји имаат државјани кои ги држи Хамас шест месеци откако палестинската милитантна група започна напад врз јужен Израел во кој загинаа 1.200 луѓе. Потписници се лидерите на САД, Аргентина, Австрија, Бразил, Бугарија, Канада, Колумбија, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Тајланд и Велика Британија.
„Потенцираме дека договорот на маса за ослободување на заложниците ќе доведе до итен и продолжен прекин на огнот во Газа, што ќе овозможи бран дополнителна потребна хуманитарна помош да се достави низ Газа и веродостоен крај на непријателствата“, се вели во соопштението.
Висок американски функционер, кој ги брифираше новинарите за изјавата, рече дека може да има пат до договор за заложничката криза, но дека не е целосно убеден. Тој не даде детали, но рече дека решението зависи од „еден човек“, лидерот на Хамас, Јахја Синвар.
Европа
Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени
Приходите од нафта и гас на Русија ќе достигнат 1,29 трилиони рубљи (14 милијарди долари) во април, што е речиси двојно повеќе од истиот месец минатата година благодарение на зголемените цени, покажуваат пресметките на Ројтерс.
Ројтерс ги заснова проценките на податоците од индустриските извори и официјалната статистика за производство, преработка и снабдување со нафта и гас на рускиот и меѓународниот пазар.
Руското Министерство за финансии на почетокот на мај ќе ги објави податоците за април. За цела 2024 година, владата буџетираше приходи од продажба на нафта и гас од 11,5 трилиони рубљи, за 30 отсто повисоки отколку во 2023 година, кога се намалија за 24 отсто поради пониските цени на нафтата и намалениот извоз на гас под притисок на санкциите.
Благодарение на закрепнувањето на приходите од продажбата на енергетски производи, рускиот буџетски дефицит се намали во првите три месеци од оваа година на 607 милијарди рубљи, што одговара на 0,3 отсто од бруто домашниот производ (БДП), наведува Ројтерс.
Западните земји воведоа бројни санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, настојувајќи да ги намалат приходите на Русија од продажбата на нафта и гас, кои сочинуваат околу една третина од федералниот буџет. Казнените мерки вклучуваат забрана за водење бизнис со руски финансиски институции.
Свет
Судот во Њујорк поништи пресуда на Харви Вајнстин за силување
Судот во Њујорк ја укина пресудата на Харви Вајнштајн за силување во 2020 година и нареди ново судење за случајот „MeToo“, пишуваат странските медиуми.
Во пресудата се наведува дека му било судено врз основа на неговото однесување во минатото, а не само врз основа на делата за кои бил обвинет. Судот одлучи дека судењето „погрешно го прифатило сведочењето за наводни претходни сексуални дејствија против лица кои не биле тужители во овој случај“.
Вајнстин (72) отслужува 23-годишна затворска казна во њујоршки затвор, откако беше осуден за сексуален напад за насилен орален секс со асистентка на ТВ и филмска продукција во 2006 година и за напад на актерка во 2013 година.
Тој ќе остане во затвор бидејќи беше осуден за уште едно силување во Лос Анџелес во 2022 година и осуден на 16 години затвор.
Обвиненијата против Вајнстин започнаа во 2017 година и го поттикнаа движењето #MeToo кое го разоткри сексуалното вознемирување на највисоките нивоа на холивудската филмска индустрија.