Свет
Вакцината нa „Новавакс“ успешно произведува антитела
Компанијата „Новавакс“ соопшти дека нејзината експериментална вакцина против Ковид-19 произведувала антитела против новиот коронавирус и е безбедна, според првичните податоци од малото клиничко испитување во рана фаза.
Компанијата за биотехнологија со седиште во Мериленд соопшти дека нивната вакцина, NVKS-CoV2373, произвела повисоки нивоа на антитела кај здрави доброволци од оние што се пронајдени кај пациенти што прележале Ковид-19, пренесува „Ројтерс“.
Додавањето на супстанција наменета за зајакнување на имунолошкиот одговор на организмот го зголеми ефектот на вакцината, велат од компанијата.
Директорот на истражувањето, Грегори Глен, изјави за „Ројтерс“ дека компанијата набргу ќе почне многу поголеми клинички испитувања во доцна фаза и потенцијално може да собере доволно податоци за да добие регулаторни одобренија уште во декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.