Свет
Велика Британија ги отвора тениските и голф-терените
Британската влада објави дека тениските и голф-терените ќе бидат отворени во Англија од среда, но не за спортисти и натпревари, туку луѓето на нив ќе може да играат само со членовите на своето семејство.
Спортските сали и базените остануваат затворени, но пливањето од среда ќе биде дозволено во морето и во езерата. Шкотска, Велс и Северна Ирска мораат сами да одлучат дали ќе ги отворат тениските и голф-терените, а нивните влади веќе објавија дека имаат намера да ги задржат строгите мерки уште некое време.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, не посочи кога професионалните спортисти би можеле да се вратат на терените, па засега нема ништо од продолжението на фудбалската Премиер лига.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најголемиот кран за отстранување на остатоците од урнатиот мост пристигна во Балтимор
Најголемиот оперативен кран на источниот брег на САД беше распореден во пристаништето Балтимор и е подготвен да започне со расчистување на остатоците од мостот Френсис Скот Ки, кој се урна во вторникот кога товарен брод удри во потпорен столб.
Кранот, кој може да подигне до 1.000 тони товар, најверојатно ќе почне да ги извлекува остатоците од структурата на мостот од реката Патапско во сабота наутро, изјави портпаролката на американската крајбрежна стража Кармен Карвер, пренесува Ројтерс.
Втор, сличен кран е на пат за Балтимор и се очекува да пристигне наскоро за да се приклучи на операцијата за отстранување на делови од срушената конструкција на мостот.
Свет
Израел изврши напади врз Либан и Сирија, убиен командант на Хезболах
Израел тврди дека во денешниот воздушен напад во Либан бил убиен Али Абед Аксан Наим, заменик командант на ракетните единици на Хезболах, кој го извршил најсмртоносниот напад врз Сирија во последните неколку месеци.
Тел Авив рече дека Аксан Наим е одговорен за извршување и планирање ракетни напади врз израелски цивили.
Во најголемата ескалација на конфликтот меѓу Хезболах и Израел од 2006 година, десетина израелски војници и неколку цивили беа убиени во северен Израел, додека речиси 270 борци на Хезболах и 50 цивили, вклучувајќи болничари, цивили и новинари беа убиени во израелските напади во јужен Либан.
Регион
Нов земјотрес во Крагуевац, трет за еден ден
Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Крагуевац, трет за еден ден.
Според веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот се случил околу 18 часот и 15 минути.
🔔#Earthquake (#земљотрес) M2.5 occurred 14 km SE of #Kragujevac (#Serbia) 10 min ago (local time 18:15:23). More info at:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/GdZ9Qzvlhx
🖥https://t.co/SPzAI5NNT1 pic.twitter.com/jUcZ8xqpTH— EMSC (@LastQuake) March 29, 2024
Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на ниво III од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат штети на објекти во епицентралното подрачје, се вели во соопштението на Републичкиот сеизмолошки завод.
Во Крагуевац за три часа беа забележани два земјотреси. Првиот е измерен утрово, во 11 часот и 20 минути, со магнитуда од 3,4 степени, додека вториот во 14 часот и 29 минути, со нешто послаб интензитет, поточно 1,7 степени според Рихтеровата скала.