Свет
Случајот со исчезнатиот новинар во Истанбул е сериозен
Лондон соопшти дека во Кралството е започната итна истрага за се дојде до одговори за минатонеделното исчезнување на новинарот што беше пријавен за исчезнат кога замина во посета на саудискиот конзулат во Истанбул.
„Овие информации се од сериозен карактер,“ се вели во соопштението од британското Министерство за надворешни работи.
„Ги имаме последните извештаи и спроведовме итна истрага, а тука е вклучена и владата на Саудиска Арабија“, изјавија од Министерството.
Од Берлин велат дека исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги, кој работеше како колумнист во „Вашингтон пост“, е сериозно и загрижувачко.
Според портпаролот на германското МНР, сите релевантни извори се должни да дадат информација која ќе помогне во истрагата и предупреди дека шпекулациите се недозволиви бидејќи истрагата е во тек.
Кашоги е пријавен како исчезнат по влегувањето во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври.
Полицијата во Турција работи на расветлување на случајот и соопшти дека 15 Саудијци, меѓу кои и функционери, пристигнале во Истанбул со два авиона и влегле во конзулатот додека Кашоги бил внатре.
Обвинителството во Истанбул го истражува инцидентот, а конзулатот на „Твитер“ вели дека соработува со властите.
Турција во понеделникот соопшти дека очекува безрезервна соработка со властите во Саудиска Арабија за разрешување на инцидентот со новинарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.