Свет
(Видео) Австралиските пожарникари предупредуваат на голем пожар пред најновиот топлотен бран
Австралиските пожарникари предупредуваат за можен голем пожар во период кога напорите за справување со повеќе од 100 пожари во Нов Јужен Велс спектакуларно пропаднаа. Огнот се прошири преку линијата на одбрана, а земјата се подготвува за својот веројатно најжежок ден во историјата, пренесува „Раша тудеј“.
Најмалку 20 куќи се уништени недалеку од Сиднеј, над 400.000 хектари се изгорени, а пожарот се движи кон Сините Планини, популарна туристичка дестинација западно од градот.
Video footage shows a bushfire moving from treetop to treetop in a phenomenon known as ‘crowning,’ in Australia’s Blue Mountains pic.twitter.com/VSwAww0quT
— Reuters (@Reuters) December 15, 2019
Жителите се подготвуваат за уште поекстремни температури оваа недела бидејќи се предвидува историски жешко време. Ова е голем проблем за пожарникарите, кои веќе се борат со огромен број пожари во очекување на екстремните температури. Снимките од Сиднеј покажуваат сериозна загаденост на воздухот од пожарите.
Властите се обидоа да ги искористат пониските температури за да предизвикаат контролиран пожар, т.е. мали пожари за отстранување на вегетацијата пред главните пожари и на тој начин да го запрат нивното ширење, но се чини дека тактиката не успеа бидејќи екипите изгубија контрола врз нив, а пламенот се шири подалеку од линиите за одбрана, достигнувајќи дури 70 метри височина.
„Во овие услови на суша што и да се обидуваме не помага“, рече заменик-комесарот на Руралната противпожарна служба на Нов Јужен Велс, Роб Роџерс.
Emergency Warning for Gospers Mountain fire. Fire activity & smoke increasing. People in Wallerawang, Lidsdale & Blackmans Flat area should seek shelter as fire approaches. #nswrfs #nswfires pic.twitter.com/ueYLY6rgGw
— NSW RFS (@NSWRFS) December 16, 2019
Претстојниот топлотен бран може да доведе до најжешкиот ден во пишаната историја на Австралија надминувајќи го сегашниот рекорд од 50,7 Целзиусовистепени, поставен во 1960 година.
Од септември досега во пожарите загинаа шест лица, повеќе од 700 дома се уништени, а градовите се задушуваат во штетниот чад од пожарите. Квалитетот на воздухот во Сиднеј сега е полош од Пекинг и Њу Делхи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.