Свет
(Видео) Автомобил бомба уби четворица во луксузен хотел во Пакистан
Автомобил полн со експлозив експлодира пред луксузниот хотел „Серена“ во Квета, главниот град на провинцијата Балучистан во Пакистан, при што загинаа четворица, во време кога во хотелот престојувала кинеска делегација, пренесува РТ.
Талибанците ја презедоа одговорноста за експлозијата, која го зафати хотелскиот паркинг. Според прелиминарната истрага, експлозијата била предизвикана од бомба поставена на автомобил оставен пред луксузниот хотел со четири ѕвезди.
Blast in the parking area of Serena Hotel Quetta in the month of peace and blessings.@SyedaNidaKazmi#Balochistan#Quettablast pic.twitter.com/DUr8QGN5mn
— Storai Mandokhail(ایوب) (@AyoubKhan932) April 21, 2021
Снимките од местото на настанот покажуваат како пламени јазици пустошат низ изгорените остатоци на неколку возила.
Најмалку четири лица, вклучително и полициски службеник, загинаа во експлозијата, а 12 други беа повредени, од кои неколкумина беа пренесени во болница во критична состојба. Локалните власти ја нарекоа експлозијата терористички чин велејќи дека зад експлозијата стојат непријатели на Пакистан.
Huge Blast in Serena Hotel #Quetta
May Allah protect all
pic.twitter.com/OEQpBtdY6G— HK (@iHSShahin) April 21, 2021
Во моментот на експлозијата во хотелот престојувала делегација на кинеската влада. Кинескиот амбасадор во Пакистан, Нонг Ронг, бил меѓу гостите, но бил на настан кога се случила експлозијата, рече пакистанскиот министер за внатрешни работи, Мир Зијаулах Лангове.
Осврнувајќи се на шпекулациите дека високиот кинески дипломат можеби бил цел на нападот, Лангове истакна дека истрагата ќе се обиде да одговори на тоа прашање. Министерот рече дека се сретнал со Нонг веднаш по експлозијата.
Quetta bleeds again, #QuettaBlast pic.twitter.com/Ae5J7I6LWE
— Nimra بلوچ (@nimra_rind) April 21, 2021
Додека пакистанската влада не потврди кој стои зад експлозијата, одговорноста за бомбашкиот напад ја презеде пакистанскиот разгранок на талибанците, Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП), објави „Ројтерс“. ТТП тврди дека експлозијата била активирана од бомбаш самоубиец во возилото.
Vehicle IED blast took place in the parking area of Serena Hotel Quetta. Reportedly, 4 individuals have died and 13 injured. Chinese delegation incl Chinese Ambassador and Consul General at Karachi are safe and currently in Quetta Cantt. #CPEC #terrorism pic.twitter.com/ukjNkpmKsc
— yasirgkhan (@yasirgkhan) April 22, 2021
Последниве години, Балучистан, кој се граничи со Иран и со Авганистан, бележи зголемен број напади против кинеските интереси во провинцијата богата со ресурси. Пет лица беа убиени во напад на хотел со пет ѕвезди во Гвадар, пристаништен град на југозападниот брег на Балучистан, во мај 2019 година.
Нападот врз градот, еден од најголемите центри вклучен во проектот „Економски коридор Кина – пакистански“ (ЦПЕЦ), го презедоа милитантите со Ослободителната армија на Балучистан. Сепаратистите се спротивставуваат на ЦПЕЦ, дел од иницијативата „Белт енд роуд“ на Пекинг, чија цел е да ја надгради инфраструктурата на Пакистан и да ја поврзе со Кина преку патишта и морски врски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.