Свет
(Видео) Американски водител со критики за Бајден: Тој е неспособен да ја води државата, тој е сенилен
Американскиот телевизиски водител и политички коментатор, Такер Карлсон изјави дека претседателот на САД Џо Бајден не е способен да биде претседател во случај на криза.
„ Научивме многу во изминатите пет дена. Можеби најважното нешто што го научивме е дека Џо Бајден не е способен да ја води земјата. Џо Бајден е сенилен. Да се каже тоа гласно не е напад врз Бајден. Секоја пристојна личност се сожалува на Бајден, гледајќи го како зјапа празно. Не е виновен Бајден што не може јасно да размисли. Вината е на луѓето околу него“, рече Такер Карлсон.
Тој вели дека тоа не било толку застрашувачки се до ситуацијата во Кабул.
„ Целата американска војска штотуку беше понижена од неписмени селани во турбани и ако тоа не е доволно навредливо, многу од нив ги носеа нашите пушки додека го правеа тоа“, рече Такер во својата емисија на „Фокс њуз“.
Брзиот напредок на талибанците во преземањето на земјата ги наведе Американците со авганистанско потекло, поранешни генерали и водечки државници да го обвинат претседателот Џозеф Бајден за избрзаното повлекување на американските воени сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.