Свет
(Видео) Америка планира забрзано протерување на мигрантите од Хаити
Соединетите Американски Држави планираат да го забрзаат протерувањето на мигрантите од Хаити со организирање летови за да ги вратат во нивната земја, соопштија официјалните лица.
Бројни агенти на службата за имиграција пристигнаа во пограничниот град во Тексас, каде што се собраа илјадници Хаиќани, откако одеднаш преминаа од Мексико во САД.
Службата за внатрешна безбедност објави дека во петокот преместила околу две илјади мигранти кои се собрале под и во близина на мостот во пограничниот град Дел Рио и на други локации, со цел да ги обработи нивните податоци и потенцијално да бидат протерани од САД, јавија американските гласила.
Исто така, беше објавено дека до понеделник наутро во Дел Рио ќе пристигнат околу 400 агенти и полицајци.
Thousands of migrants seeking asylum waded through the water of the Rio Grande this week along the U.S. Mexico border as they awaited processing. The massive surge in migration, primarily from Haiti, has overwhelmed the authorities and caused significant delays in processing. pic.twitter.com/nYqQR0n5kb
— CBS News (@CBSNews) September 17, 2021
Многу Хаиќани дојдоа во САД од Мексико преку брана на реката.
Американските власти реагираа брзо на ненадејното пристигнување на Хаиќаните во Дел Рио, град со околу 35.000 жители, во релативно оддалечениот дел од границата, каде што нема капацитет да држат толку многу луѓе.
Американски службеник изјавил дека бројот на летови ќе зависи од оперативниот капацитет на Хаити и подготвеноста да ги прифати авионите. Тој додаде дека е постигнат напредок во преговорите со властите на Хаити.
Официјалниот претставник додаде дека САД најверојатно ќе испраќаат пет до осум авиони дневно, почнувајќи од недела, а друг неименуван службеник додаде дека не очекуваат повеќе од два лета дневно, додавајќи дека сите мигранти ќе бидат тестирани за „Ковид-19“.
Проценките за бројот на мигранти варираат, но шерифот на округот Вал Верде, Франк Мартинез, изјави дека во Дел Рио пристигнале околу 13.700 луѓе.
Мигрантите поставија шатори и изградија импровизирани засолништа од трска.
Планот за летање зависи од тоа како ќе реагираат Хаиќаните, бидејќи постои можност тие да одлучат да не се согласат да се вратат и да ризикуваат да бидат вратени во сиромашна, политички нестабилна земја или да се вратат во Мексико.
Децата без придружба се ослободени од забрзаниот процес на протерување мигранти.
Хаиќаните доаѓаат во САД во голем број веќе неколку години, и многумина ја напуштија својата земја од Карибите по катастрофалниот земјотрес во 2010 година.
Откако ги загубија работните места што ги добија за време на Летните олимписки игри во Рио де Жeнеиро, многумина тргнаа на опасно патување пеш, со автобус и со автомобил до границата со САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.
Регион
(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја
Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.
Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.
Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.
Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.
– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.
Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.
Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.
„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.
Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.
Свет
Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок
Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им кажало на инспекторите дека убил човекот пред две години без никаква причина, соопштија органите на редот.
Според законите во Тексас, детето не може да биде обвинето за злосторството бидејќи во моментот на убиството имало помалку од 10 години, пренесува CBS News.
Момчето им кажало на училишните службеници дека пукало и убило човек во 2022 година, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Гонзалес.
Како што е наведено, момчето им дало на истражителите информации за убиството на 32-годишниот Брендон О’Квин Резбери на 18 јануари 2022 година во Никсон, Тексас.
Тој рече дека тој ден бил кај својот дедо на гости во паркот за кампери во близина на местото каде што живеел Резбери, и дека извадил пиштол од кабината на камионот на неговиот дедо, влегол во комбето на Резбери, пукал во него и го убил.
Тој исто така изјавил дека никогаш претходно не го видел Расбери и дека убиениот не направил ништо за да го налути.
На 12 април, инспекторите го пронајдоа пиштолот користен за убиството на Разбери во заложна продавница во блискиот град, но бидејќи детето имало помалку од 10 години кога го извршило злосторството, не може да биде обвинет за убиството во 2022 година.
Детето е обвинето во врска со заканата упатена кон соученик и се наоѓа во малолетнички притвор, каде го чека почетокот на судењето.