Свет
(Видео) Армен Саркисијан: Да не заборавиме кој ја започна оваа фаза на војна
Ерменскиот претседател Армен Саркисијан тврди, во ексклузивно интервју за РТ, дека Азербејџан ја започнал последната рунда судири околу спорниот регион Нагорно-Карабах, за чиеа контролирање се натпреваруваат и Баку и Ереван.
Саркисијан изрази надеж дека ќе се одржи примирјето со посредство на Москва и покрај тековните проблеми на теренот.
„Да не заборавиме кој ја започна оваа фаза на војна. Тоа беше азербејџанска страна, а не луѓето во Нагорно-Карабах“, рече тој.
Населен претежно од етнички Ерменци, Нагорно-Карабах се отцепи од Азербејџан во 1991 година и се прогласи за независна република по примирјето во 1994 година. Владата во Баку тврди дека регионот е окупирана територија и бара нејзино враќање.
Конфликтот, полузамрзнат 26 години, повторно избувна на 27 септември, при што обете страни меѓусебно се обвинуваат за повторно поттикнување на насилството. Стотици луѓе беа убиени пред Москва да постигне договор за прекин на огнот што требаше да стапи на сила минатата сабота.
Следниот ден, Азербејџан ја обвини Ерменија за гранатирање на градот Гања, северно од Нагорно-Карабах, во кое беа убиени девет цивили и повредени 34. Баку, исто така, објави снимки од беспилотни летала кои го извеле нападот.
Саркисијан не негираше дека имало кршење на примирјето на 10 октомври од ерменска страна, велејќи дека тие биле испровоцирани од првичните напади на Азербејџан – тврдење коешто Баку го негира. Саркисијан, сепак, тврди дека Ерменија не го гранатирала Гања.
„Имам јасни информации од мојата влада, од Министерството за одбрана и од Министерството за надворешни работи дека Ерменија дефинитивно не е таа што гранатираше“, изјави Саркисијан за РТ.
Тој исто така истакна дека Степанакерт, главниот град на Нагорно-Карабах, бил бомбардиран во саботата, веднаш по стапувањето во сила на прекинот на огнот. Борбите продолжија и во Хадрут, од јужната страна на Нагорно-Карабах. Екипа на РТ беше затечена од гранатирањето во понеделникот.
Drone footage from Sunday shows destroyed buildings in #Azerbaijan's second largest city of #Ganja, a day after the start of a ceasefire between Azerbaijan and #Armenia. pic.twitter.com/7n2wKx9FYH
— Ruptly (@Ruptly) October 12, 2020
Во меѓувреме, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев тврди дека сите разговори за решавање на кризата треба да се водат директно меѓу Баку и Ереван, без вклучување на, како што рече, „марионетскиот режим“ во Нагорно Карабах и дека не може да има дискусија за тоа дали окупираниот територии треба да се вратат во Азербејџан, туку кога може да се изврши транзицијата.
Во интервју за московскиот дневен весник РБК, Алиев исто така рече дека ерменскиот премиер Никол Пашинјан треба да му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин што го спасил од пораз.
„Кога Пашинјан ни даде ултиматум, кога ги навреди чувствата на Азербејџанците, тој заслужи да биде казнет за тоа. И ние го сторивме тоа. Тој треба да му се заблагодари на Путин за фактот дека уште еднаш Русија ја спаси Ерменија“, рече Алиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Огромна дупка во Рим проголта два автомобили
Огромна дупка се отвори на улица во југоисточен Рим и проголта два паркирани автомобили.
Дупката со дијаметар од 10 метри и длабочина од околу 10 метри се отворила во раните утрински часови, јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на локалната полиција.
Фотографиите и видеата од огромниот кратер брзо се проширија на социјалните мрежи.
MASSIVE SINKHOLE ÖFFNET SICH BEI ROM! – 28.3.2024
In der Nacht öffnete sich in Rom ein riesiges Sinkhole, das zwei Autos verschluckte. Ein drittes blieb in der Schwebe. Das Sinkhole öffnete sich in der Via Sestio Menas in Quadraro in Rom. pic.twitter.com/51aNnxhT46
— Ramses 🇨🇭 (@RS38900) March 28, 2024
Нема извештаи за жртви, а службите за итни случаи соопштија дека за време на инцидентот немало луѓе на улица. На местото на настанот пристигна локалната полиција и пожарникарите.
На фотографиите се гледаат други автомобили паркирани покрај дупката, кои морале да се отстранат.
Во поголемите италијански градови често се отвораат кратери. Кон крајот на февруари, огромна дупка во Неапол, јужна Италија, проголта неколку автомобили во прометна населба.
Дури и во Рим ваквите инциденти не се ретки. Една од причините за тоа е староста на италијанската престолнина, каде стотина години се вршат ископувања и градежни работи.
Свет
Полска истражува наводна руска шпионажа
Полската агенција за внатрешна безбедност изврши претреси како дел од истрагата со други европски безбедносни служби за наводна руска шпионажа, беше соопштено денеска.
Полска, западниот воен центар за снабдување на Украина, која се бори против руската инвазија, вели дека станала главна цел на руските шпиони. Ја обвинува Москва и нејзиниот сојузник Белорусија дека се обидуваат да ја дестабилизираат.
„Документирани се акции насочени кон организирање проруски иницијативи и медиумски кампањи во земјите на ЕУ“, се вели во соопштението, повикувајќи се на интернет порталот voice-of-europe.eu, за кој велат дека објавил проруски материјали.
Претресите беа извршени во вторникот во Варшава и Тихи во западна Полска, се вели без дополнителни детали.
Операцијата била координирана со други земји, особено со партнери од Чешка, се наведува.
Во средата, чешката влада санкционираше две лица, меѓу кои и прорускиот украински политичар Виктор Медведчук и интернет порталот voiceofeurope.com, за, како што рече, водење на операција за проруско влијание во Европа.
Последните дејствија произлегоа од истрагата завршена во јануари оваа година, во која полски државјанин беше обвинет под сомнение дека шпионирал за руските специјални служби.
Свет
Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин денеска им нареди на полициските началници да распоредат сили за ред пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден.
Во СМС порака до полициските началници, Дарманин напиша дека „многу високото“ ниво на терористичка закана и „продолжувањето на тензиите“ на меѓународната сцена, особено со војната во Газа и нападот во Москва, „бара исклучителна будност“. за време на велигденските празници овој викенд.
Тој, исто така, додаде дека е неопходно да се воспостави „визуелна контрола на луѓето кои влегуваат во верските објекти за да се откријат сомнителни лица“ и дека „посебно внимание треба да се посвети на „возилата стационирани во близина на големите собири“.
Дарманин дал инструкции за „зголемено физичко присуство на полицијата пред секоја црква или еврејски храм“ од петок до крајот на неделата.
Од почетокот на годината во Франција спречени се два напади. Националното обвинителство за тероризам објави дека еден од тие напади вклучува „џихадистичка идеологија“ насочена против католичка институција.
Велигден, со кој се слави Христовото воскресение, е најголемиот христијански празник. Католиците и протестантите го слават овој викенд, а православните верници на 5 мај.