Свет
(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата
„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна волјата на народот, надвладеа демократијата“, порача новиот претседател на САД, Џо Бајден на инаугурацијата. Тој вечерва положи заклетва, со што стана новиот претсeдaтал на САД. Претходно положи заклетва и Камала Харис, која стана првата жена потпретседател во историјата на САД.
„Тука, каде насилството се обиде да преовлада пред неколку недели, победи демократијата, порача Бајден. Според него, многу работи треба да се направат и многу работи треба да се поправат. „Вирусот однесе повеќе американски животи за една година отколку целата Втора светска војна. Економијата е во криза, изгубени се милиони работни места“, порача тој.
HISTORY MADE: Kamala Harris, the child of immigrants, takes the oath of office to serve as Vice President of the United States — becoming the first woman, first Black American, and first South Asian American to do so pic.twitter.com/1tcsAEeKtb
— NowThis (@nowthisnews) January 20, 2021
„Ние мора да се бориме против домашниот тероризам, супрематизмот на белите … Мојата душа е целосно посветена на обединување на нашиот народ, во обединување на нашата Америка, во борба против целиот екстремизам. Знам дека силите што се обидуваат да нè разделат се вистински и силни. Но, знам дека нашата нација отсекогаш била пред искушение, битката е вечна и победата никогаш не е сигурна. Но, нашите ‘подобри ангели’ отсекогаш победувале. Можеме тоа да го направиме и сега, заедно. Можеме да се гледаме едни со други не како противници, туку како соседи“, додаде тој. Според Бајден, без единство нема нација, само состојба на хаос.
Летовите за Вашингтон беа прекинати сè додека Бајден не положи заклетва. Ова е прва церемонија во поновата историја на која не присуствуваа претседателот и првата дама во заминување.
Бајден положи заклетва како 46-ти претседател на САД. За разлика од претходните церемонии, традиционални говори и настапи, годинава инаугурацијата поради пандемијата со Ковид-19 и безбедносните предизвици, се одржа пред пред мала и физички оддалечена публика, со заштитни маски и во буквално затворен град, со огромни присуство на полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украински дрон удрил во станбена зграда во Белгород, има мртви
Едно лице загина кога украинско беспилотно летало удри во станбена зграда во рускиот град Белгород и одекна силна експлозија, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
„Повредена е сопругата на починатиот, има расекотини на лицето и површна изгореница на бутот. Екипата за брза помош ја однела жената во регионалната клиничка болница. Како резултат на експлозијата, за жал, еден човек загина“, објави Гладков, а пренесува Риа Новости.
Друг жител со рана од шрапнел сам отишол во градската болница, додаде тој.
Оштетени се прозорците во пет стана, како и автомобил. Оперативните услуги се на лице место.
Европа
Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка ѝ направиле абортус во болница во Прага
Во трагичен инцидент претходно оваа недела во Универзитетската болница „Буловка“ во Прага 8 дошло до забуна кај лекарите за две жени што не биле од Прага, а тоа резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.
Здравствениот експерт вели дека, освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.
Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).
Така, бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.
„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на Министерството, Онџеј Јакоб, во соопштението за печатот во четвртокот.
„Имаше неопростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.
Од самата болница за информативниот портал „Новинки.чз“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.
Според чешките медиуми, и двете пациентки биле странски државјанки, кои живееле во Чешка.
Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.
Регион
Детаљно пребарани тунелите, каналите и шахтите, нема траги од Данка: се огласија српските полицајци
Специјалистички екипи за спасување од урнатини на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно ги пребаруваа тунелите, подземните канали и шахтите со вкупна должина од 4,5 километри во месноста Бањско Поле до градот Бор и не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ, пренесуваат српските медиуми.
По повеќе од 70 часа детаљно пребарување на теренот во Бањско Поле, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат со интензивно и оперативно пронаоѓање на девојчето и утврдување сите факти и околности за исчезнувањето на детето, според последните извештаи.
Медиумите потсетуваат, од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од 10-ина квадратни километри.