Свет
(Видео) Бајден со нов гаф: Ги испушти ливчињата со одговорите за време на интервјуто
Американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Си-ен-ен зборуваше за актуелни теми: Русија и Путин, нуклеарните закани, рецесијата и Саудиска Арабија.
Во еден момент додека зборуваше, ги тргна рацете од колената, па од десната рака му испадна мало парче хартија, кое најверојатно требало да му помогне со одговорите, за разговорот со новинарот Џејк Тапер. Во другата рака држел хемиско пенкало.
WATCH: Joe Biden drops his cheat sheet during his interview with CNN’s Jake Tapper. pic.twitter.com/XDHKrSpjBA
— Steve Guest (@SteveGuest) October 12, 2022
Ова не е прв случај на гафови на Бајден. Пред неколку месеци новинарите го разоткрија Бајден кога објавија фотографии од упатствата што ги имал за време на средбата со водечки луѓе од енергетскиот сектор во Белата куќа.
Фоторепортерите го снимиле како држи лист хартија со упатства што да прави и што да каже за време на средбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.