Европа
(Видео) Британија: Наш министер разговараше со лажен премиер на Украина, тоа е руски трик
Велика Британија денеска ја обвини Русија дека стои зад видеоповикот во кој едно лице лажно се претставува како премиер на Украина во разговор со министерот за одбрана, Бен Валас, чија снимка синоќа беше објавена на „Јутјуб“.
Лондон го обвини Кремљ дека стои зад обидите со измама да обезбеди чувствителни информации и да ги засрами британските официјални лица. Тие се обидуваат да преговараат со „Јутјуб“ за отстранување на видеото на кое се гледа дека Валас мисли дека разговара со украинскиот премиер Денис Шмигаљ преку видеоповик.
Министерката за внатрешни работи, Прити Пател, исто така, призна дека разговарала со измамници, кои неуспешно се обиделе да стапат во контакт и со министерката за култура Надин Дорис.
Краток клип од разговорот со Валас се појави на интернет, во кој се тврди дека се работи за „пранк“ со „Вован и Лексус“, двојка на која претходно и се препишуваше дека го измамила и војводата од Сасекс.
Валас е прикажан како разговара од Полска, додека лице од другата страна на линијата вели дека Украина сака да ја подобри својата нуклеарна програма за да се заштити од Москва, како што претходно неосновано твределе и руските државни медиуми.
По објавувањето на повикот, Валас рече дека инвазијата на Украина сигурно оди многу лошо за Кремљ, штом паднале на ниво на продукција на монтирани видеа. Извор од Министерството за одбрана рекол дека го видел „ѓубрето“, односно дека се работи за преработена снимка.
„Она што не го слушате е дека министерот за одбрана исто така вели дека Велика Британје не може да има никаква врска со наводните за нуклеарни амбиции на Украина бидејќи е потпишан Договорот за неширење атомско оружје“, рекол тој.
Валас не кажаува ништо особено срамно или чувствително во видеото, но во него се најавува и целосното интервју во рок од, како што се вели, неколку дена.
Валас во моментот на инцидентот минатата недела, рече дека верува оти Русија е виновна за повикот, а Британија сега и официјално го соопшти тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.