Свет
(Видео) Возач го снимил колапсот на мостот во Мајами, несреќа во која загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа при пад на нов пешачки мост над автопат во Мајами, соопшти во петокот полицијата од овој американски град.
Сега, на интернет се појави снимка направена од возач кој успеал да го регистрира колапсот на мостот. Тој го управувал својот автомобил, а мостот се урнал само неколку метри пред да мине под него.
Мостот тежок 950 тони бил завршен минатата сабота, а требало да биде пуштен во употреба следната година. Бил изграден со цел да го поврзе Меѓународниот универзитет на Флорида со студентските домови во блискиот град Свитвотер, од другата страна на автопатот.
Инаку, деновиве американските медиуми пренесоа информација според која еден од инженерите задолжен за конструкција на мостот оставил говорна порака до изведувачот во која истакнал дека на еден крај од мостот забележал пукнатини. Сепак, оваа порака никој не ја слушнал навреме, изјави официјален претставник на Министерството за транспорт во Флорида. Претставникот изјавил дека гласовната пошта била слушната по колапсот на мостот, бидејќи работниците, според договорот, биле надвор од канцеларијата кога пораката била оставена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.