Свет
(Видео) Воз се запали на мост во Аризона, некои од вагоните завршија во езерото
Во близина на градот Темпи, во сојузната американска држава Аризона, на железнички мост се запалил товарен воз, а некои од вагоните паднале во езерото, пренесува РТ врз основа на информации од американските медиуми.
Засега нема извештаи за повредени во инцидентот.
#BREAKING First images from @chopperguyhd of the bridge collapse and train fire on the north end of downtown Tempe, east side of Tempe Beach Park. #azfamily pic.twitter.com/Xr1Q6CWrQC
— Gina Maravilla (@GinaMaravillaTV) July 29, 2020
Снимките и фотографиите од местото на настанот покажуваат дека во инцидентот попуштил и дел од конструкцијата на мостот, од каде што се шират густи облаци црн чад.
Локалните власти соопштија дека облакот од чад влијаел на сообраќајот во околните области.
A freight train derails and catches fire in Tempe, Arizona https://t.co/QHHMRgsIZh pic.twitter.com/gY9GLuqdNm
— Reuters (@Reuters) July 29, 2020
Полицијата ги предупредува луѓето да го избегнуваат тој дел од градот.
Еден очевидец на локалнитете медиуми ја опишал несреќата како сцена од пеколот, пренесува РТ.
UP Railway Bridge across Tempe Town Lake is down and on fire. Rio Salado closed. Tempe FD battling the flames. Avoid the area. #Tempe pic.twitter.com/jbcSUUrON9
— Daniel Coronado (@dnado) July 29, 2020
Причината за излетувањето на возот и пожарот засега не е позната, а медиумите јавуваат дека возот превезувал дрва.
Во езерото под мостот завршил и еден автомобил, кој заедно со вагоните паднал во водата.
Firefighters attend scene of train derailment on bridge in Tempe, Arizona
It’s reported the bridge has partially collapsedhttps://t.co/YySnpFxEKH pic.twitter.com/7qn1HRUB1N
— BBC News (World) (@BBCWorld) July 29, 2020
Инспекторите сè уште утврдуваат што точно превезувал возот и дали во вагоните имало и некои опасни материи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.