Свет
(Видео) Во Австралија падна град со големина на топче за голф
Силно невреме проследено со град деновиве погоди делови од Австралија вклучувајќи и голем дел од областите погодени од пожари.
The world is coming to an end. See hail and dust storms batter southeastern Australia? pic.twitter.com/e8UK3kbazz
— ?TalentMoney (@Real_ETM) January 21, 2020
Австралискиот метеоролошки завод издаде предупредување за силно невреме проследено со ветрови, обилен град и врнежи од дожд во делови на Нов Јужен Велс, јужен Квинсленд и многу области од државата Викторија.
HAIL IN AUSTRALIA: Hail the size of golf balls fell in Canberra, Australia on Monday. The large hail damaged cars, breaking windshields. pic.twitter.com/0Y6J8OCEX8 via WSPA7
— Amy Wood 7 News (@TVAmy) January 21, 2020
Град со големина на топче за голф го погоди Мелбурн уништувајќи ги автомобилите и имотот, при што биле испратени 1.500 повици за помош до службите за итни случаи.
Apocalyptic dust storm consumes #NewSouthWales in Australia pic.twitter.com/ID2r2CD4kh
— RT (@RT_com) January 21, 2020
На социјалните мрежи се споделуваат снимки и фотографии од силната песочна бура што го зафати Нов Јужен Велс достигнувајќи брзина од 100 км на час во градот Дубо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.