Свет
(Видео) Во Австралија голема побарувачка на тоалетна хартија, таблоид објави празни страници
Австралискиот таблоид „Дарвин“ се пошегува денес на сметка на паниката предизвикана од ширењето на новиот коронавирус и големата набавка на тоалетна хартија со објавување празна страница во својот број наменет за читателите доколку итно им е потребна тоалетна хартија.
„Имаме објавено неколку празни страници во средината на таблоидот. Овие страници лесно се одвојуваат, така што можете да ги користите во итни случаи“, пишува во весникот.
Во Австралија се пријавени 55 случаи на вирусна пневмонија. Многу граѓани почнаа да складираат тоалетна хартија. Не помагаат ниту апелите на надлежните, кои се обидуваат да ја смират ситуацијата убедувајќи ги граѓаните дека не им се заканува никаков недостиг на тоалетна хартија, како и дека најголемиот дел од тој производ во земјата е од локално производство.
The women behind me at the Aldi check out #toiletpaper #coronavirusaustralia pic.twitter.com/XnenmvnQaR
— Sonia Giusto (@SoniaCrestpac) March 3, 2020
Поради таквата состојба, полиците се целосно испразнети во некои продавници, а некои трговци одлучија да ја ограничат максималната количина хартија што може да се набави одеднаш на четири пакувања, пренесува „Јутарњи.хр“.
Хистеријата, пишува Би-би-си, отиде толку далеку што и полицијата мораше да реагира во средата кога се случи пресметка меѓу купувачите на тоалетна хартија во која еден извадил нож.
Од друга страна, желбата за овој производ исто така поприми бизарни форми. Така, ролни од тоалетна хартија се продаваа за повеќе од сто долари на интернет, беа регистрирани многубројни случаи на кражби од јавни тоалети, а некои радиостаници во наградни игри делеле ролни трислојна хартија. Производителите, пак, задоволно најавија 24-часовно производство.
#Australia calm down. This is Stephen in Beijing telling you this. We didn’t see this much panic when we visited #Hubei Province. 😉 https://t.co/yBfzDIF9LK
— Stephen McDonell (@StephenMcDonell) March 3, 2020
Исто така, се вели дека проблемот не е единствено во Австралија – слични сцени се забележани во Сингапур, Јапонија и во Хонгконг, а манијакалното складирање се случува и во некои делови на Соединетите Американски Држави. Во Хонгонг имало дури и вооружен грабеж на хартија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
11 канали на „Телеграм“ блокирани во Русија поради терористичка содржина
Руската агенција за следење на комуникациите „Роскомнадзор“ го ограничи пристапот до 11 канали на платформата „Телеграм“ поради терористичка содржина во последните два дена, објави агенцијата РИА.
„Од терористичкиот напад во концертната сала ‘Крокус сити хол’ спроведуваме насочен мониторинг. Ги бележиме фактите за намерното ширење разни невистини по терористичкиот напад – фалсификати и повици за екстремистички активности“, соопшти „Роскомнадзор“.
РИА наведува дека на барање на „Роскомнадзор“ биле отстранети околу 600 документи со терористичка содржина или има забранет пристап до нив.
Регион
Кризата во Бугарија продолжува: никој не може да формира влада, на повидок се нови избори
Претставниците на партијата Има таков народ, денеска, на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, со што се отвора патот за закажување вонредни парламентарна избори.
Мандатот што ѝ беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање редовна влада во рамките на сегашното Народно собрание, јавува Бугарското радио. Претседателот Радев сега треба да го одреди датумот на предвремените избори за парламентот откога неисполнети му беа вратени трите мандати за формирање влада.
На изборите во април минатата година ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, коалицијата предводена од партијата Продолжуваме со промените освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот парламент, а нивните обиди за формирање влада претходно беа неуспешни.
Првиот мандат Радев ѝ го довери на коалицијата ГЕРБ-СДС, но таа не формира влада, мандатарката Марија Габриел се откажа и го врати мандатот.
Вториот мандат за состав на влада му беше доверен на Николај Денков.
Третиот мандат за состав на влада, според бугарскиот Устав, претседателот го доверува на една од другите парламентарни сили, по негова дискреција, во рок од 7 дена. Според Уставот, доколку не се постигне договор за формирање влада, претседателот по консултација со пратеничките групи назначува преодна влада и распишува нови предвремени избори во рок од 2 месеца.
Регион
Атина во густ облак од прашина и песок од Сахара
Главниот град на Грција, Атина, се најде во облак од прашина и песок од пустината Сахара и Северна Африка, феномен кој е проследен со особено високи температури.
Воздухот во градот треба да се подобри од утре наутро, велат метеоролозите.
„Во пролет март-април, циклоните, кои се движат кон исток по северноафриканскиот брег, носат прашина кон источен Медитеран. Типична песочна бура со дострел од 200 километри носи од 20 до 30 милиони тони прашина, понекогаш и до 100 милиони“, објаснува директорот на Грчката метеоролошка служба, Теодорос Колидас.
Главниот град често се наоѓа на патот на тие песочни бури, но оваа година беше проследен со особено високи температури поради што е речиси невозможно да се дише.
Во центарот на Атина на 27 март беа забележани 25,3 Целзиусови степени, што е рекорд од март 2009 година, а на Крит температурите достигнаа и до 32 степена, истакнаа од Грчката метеоролошка служба.
Сојузот на пулмолозите на Грција препорача најранливите групи население, особено луѓето што страдаат од астма, да избегнуваат „непотребни движења и спортови на отворено кога концентрациите на прашина се највисоки“.
„Африканската прашина носи честички кои може да се интегрираат со полен, бактерии и габи создавајќи многу токсична и опасна смеса за човечкото тело, а особено за респираторниот систем“, предупредува Сојузот.