Свет
(Видео) Вулканот во Шпанија не се смирува 10 дена
Лавата од вулканот што еруптира на Канарските Острови во Шпанија се движи побргу кон морето и сега се наоѓа на околу 800 метри од брегот.
Додека едната од двете реки лава забави на островот Ла Палма, другата, потопла и потечна, тече низ градот Тодокуе, од каде што беа евакуирани сите жители, објави службата за итни случаи на Канарските Острови.
Официјалните лица со денови чекаат лавата да стигне до Атлантскиот Океан. По вчерашното смирување на вулканската активност, интензитетот на вулканската активност повторно се зголеми преку ноќ. Кога лавата доаѓа во контакт со морска вода, можна е експлозивна реакција и ослободување токсични гасови.
Островот Ла Палма, со речиси 85 илјади жители, е долг 35 километри и широк 20 километри, а вулканската лава уништи 589 згради и 21 километар патишта. Вулканот еруптира на 19 септември.
Благодарение на брзата евакуација не се регистрирани смртни случаи или сериозни повреди. Вулканот досега исфрлил повеќе од 46 милиони кубни метри стопена карпа, се вели во извештајот на Институтот за вулканологија на Канарските Острови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.