Свет
(Видео) Вулкан во Индонезија исфрлал пепел во височина од 6 километри
Индонезискиот вулкан Мерапи на островот Јава избувна двапати во неделата наутро, исфрлајќи во воздух столб од врел пепел висок 6.000 метри. Центарот за истражување и развој на технологија за геолошки непогоди (БПТКГ) извести дека првата ерупција се случила во 9:13 часот по полноќ и траела 328 секунди, а втората се случила 14 минути подоцна и траела околу 90 секунди.
Пепелот прекрил бројни села на падините на вулканот висок 2.930 метри.
Sabda Merapi #merapi #merapinews pic.twitter.com/6RinSFMF73
— Tebing langit (@tebinglanghitz) June 21, 2020
Агенцијата ги советувала мештаните да останат мирни и прибрани, да ја избегнуваат областа која е три километри оддалечена од вулканскиот кратер и да бидат свесни за опасностите од лава.
Од мај 2018 година, статусот на вулканот е на вториот највисок степен на ризик на скала од пет, по серијата ерупции кои создадоа столбови на врела пепел со височина до 5,5 километри.
Властите не го подигнаа степенот на предупредување за вулканската активност на Мерапа.
Големата ерупција на овој вулкан беше во 2010 година, кога загинаа 353 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „NBC News“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.