Свет
(Видео) Големи поплави во централна Кина, загинаа најмалку 10 лица
Најмалку 10 лица загинаа, а три се водат како исчезнати во поплавите во централната кинеска провинција Хунан, јавија државните медиуми.
Невремето ја зафати провинцијата од почетокот на месецот, додека некои мониторинг станици известуваат за историското ниво на врнежи, објави агенцијата „Ксинхуа“ доцна синоќа.
Околу 1,8 милиони луѓе беа погодени во претежно рурална и планинска провинција, од кои 286.000 беа евакуирани на побезбедни места, додека 2.700 куќи беа оштетени или целосно урнати, соопшти „Ксинхуа“.
Кина редовно има поплави во текот на летните месеци, најчесто во централните и јужните делови на земјата каде што врне најмногу дожд.
Најлошите поплави во Кина во последните години беа во 1998 година, кога повеќе од 2.000 луѓе загинаа, а речиси три милиони домови беа уништени, главно покрај реката Јангце, најмоќната река во Кина.
Владата направи големи инвестиции во проекти за контрола на поплавите и хидроенергија, како што е браната Три клисури на реката Јангце.
На глобално ниво, бројот на тропски бури расте како резултат на климатските промени, што доведува до повеќе поплави и закани за човечките животи, посевите и квалитетот на подземните води, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.