Свет
(Видео) Голем пожар во болница во Истанбул, пациентите забрзано се евакуираат
Во болницата „Таксим Илк Јалдрим“ во Истанбул избувнал голем пожар кој зафатил неколку ката од објектот, пренесуваат светските новински агенции.
“Taksim İlkyardım Hastanesi’nde” yangın söndürme yetersiz. pic.twitter.com/XF0Z7LDjj4
— M’ert (@memerdo) April 5, 2018
Турските медиуми објавија дека евакуацијата на болницата е во тек. Како што може да се види на видеата објавени од страна на жителите на Истанбул на социјалните мрежи, над болницата се шири густ чад, а пожарникарски екипи интервенираат на местото на настанот.
Massive fire erupts in a hospital in Istanbul, Turkey, evacuation underway pic.twitter.com/B4n2JI7Xfa
— Khalid khi (@khalid_pk) April 5, 2018
На снимките направени во близина на болницата се гледа како пожарникарите забрзано ги евакуираат пациентите, а „Си-ен-ен турк“ пренесе дека во пожарот нема жртви. Сепак, засега не се познати причините за неговото настанување.
Yangına Fatih, Bayrampaşa, Bağcılar, Bakırköy, Gaziosmanpaşa, Kağıthane, Sultangazi itfaiye ekipleri müdahale ediyor! Hastanenin dış cephesi de yanmaya başladı.
Binanın yanan dış cephesinden büyük parçalar çevreye düşüyor. Olayda can kaybının olmadığı açıklandı. pic.twitter.com/mUjLtEsPSl— ÇapaMag Gündem (@CapaMagGundem) April 5, 2018
Началникот на општината, Хасан Ташин, за националната телевизија ТРТ изјавил дека сите пациенти биле евакуирани од болницата и дека пожарот е ставен под контрола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.