Европа
(Видео) Гори Москва: напад на главниот град на Русија
Андреј Воробјов, гувернер на Московската област, на комуникациската платформа „Телеграм“ изјави дека неколку дронови биле соборени додека се приближувале до Москва, пишува „Гардијан“.
Не се знае кој ги лансирал и управувал со нив.
Неколку руски канали тврдат дека кон 4 и 10 беспилотни летала било стрелано додека се движеле кон Москва и областа околу градот.
#Russian media shows the location of an alleged drone strike near the 25th floor on Atlasova Street in New #Moscow. pic.twitter.com/Y93sNL0W95
— NEXTA (@nexta_tv) May 30, 2023
„Франс прес“ пишува дека Москва ретко била цел на беспилотни летала, но дека често биле цел на такви напади и други градови.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека едно лице загинало во пожар што избувнал во станбена зграда во киевскиот кварт Холосивски кога врз неа паднале остатоци од дрон, пишува „Гардијан“.
#UkraineWar #Ukraine #Russia
In #Kyiv in the #Goloseevsky district, a multi-story building is on fire after being hit by debris. Residents are being evacuated. There is one victim
📷 KMVA pic.twitter.com/WkLrjsl5Cq— 🛰️ War in Ukraine 🍉 (@EUFreeCitizen) May 30, 2023
Кличко додаде дека од таа зграда се евакуирани 20 луѓе и дека една постара жена е хоспитализирана. На две лица им е укажана лекарска помош на самото место, рече Кличко.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека беспилотни летала погодиле неколку згради во руската престолнина и им нанеле мала штета, пишува „Гардијан“.
Собјанин додаде дека нема сериозни повредени во тие инциденти.
„Сите служби за итни случаи се на терен“, изјави Собјанин.
Руската државна новинска агенција РИА соопшти дека неколку жители на станбена зграда во јужниот дел на градот биле евакуирани.
„Ројтерс“ пишува дека неколку руски канали на комуникациската платформа „Телеграм“ тврдат дека рано во вторникот биле соборени меѓу четири и 10 дрона.
Ниту „Ројтерс“ ниту „Гардијан“ не можеше да ги потврди овие тврдења.
Украинските сили за противвоздушна одбрана уништија повеќе од 20 беспилотни летала во воздушните напади на Русија врз Киев во вторникот во раните утрински часови, соопштија украинските воени власти.
Во вторникот во раните утрински часови Русија почна нов бран напади врз Киев, при што најмалку едно лице загина, а четворица се повредени.
Нарекувајќи го масовен напад почнат во неколку бранови, шефот на воената администрација на Киев, Серхи Попко, на апликацијата за пораки „Телеграм“ рече дека Русија го извршила нападот користејќи само беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.
Тоа беше трет напад на главниот град во последните 24 часа. Не е познато колку беспилотни летала лансира Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.