Свет
(Видео) Демонстрантите запалија владина зграда за време на немирите во Портланд
Демонстрантите во Портланд марширале кон зградата на владата во вторникот вечерта, кршејќи ги прозорците и запалиле канцеларија во текот на немирите, пренесува „Њујорк пост“.
Демонстрантите се упатиле кон зградата во Мултомах, во која се сместени окружни владини операции, фрлале камења кон влезните врати изработени од стакло и палеле огнови пред зградата, соопштија властите.
Откако биле искршени прозорците, демонстрантите фрлиле запаливи материјали во внатрешноста на зградата, палејќи една канцеларијата.
„Портландската полиција ги прогласи собирите во близина на зградата во Мултомах за немири откако поединци ја вандализираа зградата, повеќепати кршеа прозорци на првиот кат со камења и фрлаа запалив материјал во канцеларија“, се вели во твитот од канцеларијата на шерифот на округот Мултомах.
.@PortlandPolice has declared the gathering near the Multnomah Building a riot after individuals vandalized, repeatedly smashed first floor windows with rocks and threw burning material into an office. https://t.co/PtByF6Gx6h
— Multnomah Co Sheriff (@MultCoSO) August 19, 2020
Откако го прогласила собирот за незаконски, полицијата на Портланд ги замолила сите собрани да се разотидат. Демонстрантите повикувале на укинување на полицијата и на затворите.
Портланд последниве недели бележи пораст на насилствата, откако протестите поради убиството на Џорџ Флојд неколку пати се претворија во насилство и уништување. Според „Орегонијан“, ова беше 83-та последователна ноќ на немири во градот.
Во неделата толпа демонстранти на „Блек лајвс медр“ принудила еден човек да го искрши својот камион, а потоа го удирале додека не се онесвестил. Според сведок на инцидентот, тој се обидел да интервенира во обид за кражба пред да биде претепан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.