Свет
(Видео) Завршна дебата на судењто на Трамп
Демократите и републиканците во американскиот Сенат гласаа за повикување сведоци на судењето на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Се согласија изјавата на републиканката Џејми Херера Батлер, за телефонскиот повик на Трамп со водечкиот републиканец Мекарти за време на нападот врз Капитол да биде прифатена како доказ.
BREAKING: Senate votes 55-45 to allow witnesses and more evidence for Trump impeachment case, slowing the progression of a trial that could have concluded Saturday. Five Republicans voted yes, including Lindsey Graham, who switched from an initial no vote https://t.co/3HfaYxaxQC pic.twitter.com/flGv46j7AX
— CBS News (@CBSNews) February 13, 2021
Договорот следеше по хаотичното гласање на кое повикот на сведоци беше прифатен со 55 наспроти 45 гласови.
Батлер е една од десетте републиканци кои минатиот месец гласаа со демократите во Претставничкиот дом за да го потврдат обвинението против Трамп.
„ Па, Кевин, се чини дека тие луѓе повеќе се грижат за изборите отколку вие“, вели Батлер во изјавата, цитирајќи го Трамп.
Според неа, Трамп првично негирал дека неговите приврзаници биле вклучени во нападот, тврдејќи дека станува збор за толпа од редовите на левичарската Антифа, која Мекарти ја отфрлил како лажно тврдење.
Веста за тој телефонски повик се појави неколку часа пред судењето на Трамп кое требаше да продолжи во сабота пред Сенатот кој е поделен околу тоа дали поранешниот претседател треба да биде прогласен за виновен за поттикнување на востанието.
Откако се согласија да ја признаат изјавата како доказ, двете страни имаат по два часа да ги изнесат своите аргументи пред сенаторите да гласаат дали да го осудат Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.