Свет
(Видео) Застрелан грчки свештеник пред црква во Лион, напаѓачот во бегство
Повторно пукање во Франција. Во тек е потера во францускиот град Лион, каде вооружено лице пукаше и повреди грчки православен свештеник пред црква, а потоа избега од местото на настанот, пренесуваат светските медиуми.
#BREAKING: Orthodox priest shot in a Greek church in #Lyon, Francepic.twitter.com/foITchEsb9
— Amichai Stein (@AmichaiStein1) October 31, 2020
Министерството за внатрешни работи на Твитер објави предупредување дека имало инцидент во Лион и дека безбедносните сили се на местото на настанот.
? #ALERTE | Un événement est en cours à proximité du secteur Jean-Macé, dans le 7ème arrondissement à #Lyon.
Les forces de sécurité et de secours sont sur place. Un périmètre de sécurité a été installé.
⚠️ Évitez le secteur et suivez les consignes des autorités. pic.twitter.com/ZZxeTADcAF— Ministère de l'Intérieur – Alerte (@Beauvau_Alerte) October 31, 2020
Според некои француски медиуми, свештеникот бил застрелан двапати додека ја затворал црквата и се наоѓа во критична состојба, а напаѓачот е во бегство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин
Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, изјави дека следната цел на рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде Балканот, пренесува „Анадолија“.
Во средата вечерта во Капитол во Вашингтон, Џонсон разговараше со новинарите за прашањето за гласање за странска помош за Украина, Израел и Тајван, а го спомена и балканскиот регион.
На прашањето од новинарите зошто е подготвен да ја изгуби работата само за да го обезбеди планот за помош, Џонсон одговори дека секогаш се труди да ја направи вистинската работа.
„Мојата филозофија е да ја направам вистинската работа. Ако дејствувам само од страв никогаш не би можел да си ја работам својата работа“, рече Џонсон и додаде:
„Историјата не суди поради она што го правиме. Ова е критично време, критично време на светската сцена. Би можел да донесам себична одлука и да направам нешто поинаку, но еве го правам она што верувам дека е вистинската работа. Мислам дека обезбедувањето правна помош за Украина е од клучно значење во моментов“.
Тој нагласи дека кинескиот претседател Шји Џјинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и Иран се „оската на злото“ и дека работат во координација на овој фронт.
„Мислам дека Путин би продолжил да маршира низ Европа доколку му се дозволи тоа. Мислам дека следниот пат би можел да оди на Балканот. Мислам дека би можел да има пресметка со Полска или со некој од нашите сојузници во НАТО“, додаде Џонсон.
Тој рече дека „попрво би испратил куршуми во Украина отколку американски момци“.
„Мојот син ќе започне со Поморската академија оваа есен. Ова е вежба со боева муниција за мене и за многу американски семејства“, рече Џонсон.
Американскиот претседател Џо Бајден во средата, исто така, даде силна поддршка на планот на Џонсон да обезбеди дополнителни средства за Украина и Израел.
Гласањето за пакетот помош најверојатно ќе се одржи во сабота навечер.
Европа
Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата
Две лица, кои освен германско државјанство имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање на воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на обвинителството.
Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.
Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.
Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“ во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.
Свет
Уште еден земјотрес ја погоди Турција
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција.
Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри, во областа Гоксун во Кахраманмараш.
Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.
Турција синоќа беше погодена од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил на 46 километри јужно од Турхал, на длабочина од 10 километри.