Свет
(Видео) За време на посетата на Украина, сопругата на Нетанјаху одбила да јаде леб и сол
Посетата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на Украина не почнала со бонтон-манири, а главен актер била неговата сопруга Сара, според тамошните медиуми.
Госпоѓа Нетанјаху првично била незадоволна од однесувањето на персоналот на израелскиот аеродром и го опоменала капетанот на авионот, кој не ја поздравил во авионот.
Таа станала од своето место и се упатила кон пилотската кабина, каде што не смее да се влегува според прописот, што дополнително ја налутило сопругата на премиерот.
Инцидентот завршил со тоа што капетанот на екипажот повторно ја поздравил брачната двојка Нетанјаху, 45 минути пред да слета во Киев. Тој тврди дека исто така ги поздравил Сара Нетанјаху и нејзиниот сопруг кога влегле во авионот, но дека таа не го слушнала.
צפו: נתניהו נחת בשדה התעופה באוקראינה והתקבל בחגיגיות. גברים ונשים בלבוש מסורתי נתנו לרה"מ לבצוע חלה כנהוג במקום@ZeevKam pic.twitter.com/wYEdRjDz3K
— כאן חדשות (@kann_news) August 18, 2019
Кога израелскиот премиер и неговата сопруга слетале на аеродромот во Киев, каде што им бил приреден традиционален пречек во духот на земјата, се случил нов инцидент.
Господин и госпоѓа Нетанјаху беа пречекани од три девојки во украински народни носии со сол и леб.
Додека Бенјамин Нетанјаху го натопил лебот во солта и го изел, Сара зела парче леб и го фрлила на подот, јавуваат украинските медиуми.
Снимката подоцна се појави на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Разузнавачки извор за „Си-ен-ен“: Директните напади меѓу Израел и Иран завршија
Регионален разузнавачки извор рече дека директните напади меѓу Израел и Иран се завршени.
Изворот разговарал за Си-Ен-Ен под услов да остане анонимен околу два и пол часа по објавувањето на нападите. Изворот вели дека, според неговите сознанија, не се очекува Иран да одговори на нападот, но не наведе причина.
Претходно и висок ирански функционер изјави за Ројтерс дека „Иран нема план за итна одмазда против Израел“.
Израел се уште не потврдил дека го извршил нападот врз Иран, а тврдењата за нападот дојдоа од Вашингтон.
Од друга страна, од Иран доаѓаат контрадикторни информации, но нема официјален извештај.
Пред само еден час, ирански аналитичар изјави за иранската државна телевизија дека „мини-дроновите соборени од противвоздушната одбрана во Исфахан биле управувани од инфилтратори од Иран“.
Претходно, пак, ирански функционер изјави за Ројтерс дека немало ракетен напад и дека експлозиите биле резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Украина тврди дека соборила руски бомбардер
Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле руски стратешки бомбардер првпат од почетокот на руската инвазија, а Москва објави дека авионот се урнал поради технички дефект и дека еден член на екипажот загинал.
„Првпат противвоздушните ракетни единици на Военото воздухопловство во соработка со одбранбеното разузнавање на Украина го уништија стратешкиот бомбардер со долг дострел ‘ту-22М3’, кој носи крстосувачки ракети ‘Х-22’“, изјави командантот на украинските воздухопловни сили на „Телеграм“.
Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) соопшти дека рускиот авион „бил соборен благодарение на специјалната операција спроведена од украинското одбранбено разузнавање во соработка со воздухопловните сили“.
Руското Министерство за одбрана не потврди дека украинската страна нападнала еден нејзин авион, но воен извор изјавил за новинската агенција ТАСС дека бомбардерот „туполев-22М3“ се урнал во регионот Ставропол по борбена мисија додека се враќал во базата. Според овој извор, авионот не носел оружје.
Свет
САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН
Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како членка на ОН“.
Воздржани беа Велика Британија и Швајцарија, а „за“ гласаа Словенија, Сиера Леоне, Русија, Јужна Кореја, Мозамбик, Малта, Јапонија, Франција, Гвајана, Еквадор, Кина и Алжир.
Претходно вчера, заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, потврди дека Вашингтон ќе стави вето на гласањето во Советот за безбедност на ОН наведувајќи дека нема едногласно мислење меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги исполнуваат критериумите неопходни за да бидат дефинирани како држава.
Палестинската управа (ПА) го осуди потегот нарекувајќи го „нефер, неетички и неоправдан“.
Кабинетот на претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, го нарече американското вето „еклатантна агресија …туркање на регионот преку работ“.
Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, го пофали американското вето додавајќи: „Срамниот предлог беше отфрлен. Тероризмот нема да биде награден“.