Свет
(Видео) За еден ден на границата меѓу САД и Мексико пристигнале повеќе од 4.000 мигранти, војската на готовс
Повеќе од 4.000 мигранти пристигнале во Тихуана, град во северозападниот дел на Мексико, на границата со САД. Армијата, која е распределена на границата, е на готово и како што информираат тамошните медиуми, војската добила задача да реагира доколку е тоа потребно.
Само вчера со автобуси или пеш стотици мигранти од Централна Америка пристигнале на мексиканско-американската граница. Прифатните центри се полни и одреден број мигранти се во импровизирани кампови во околината.
Храна им делат активисти и претставници на верски организации. Локалните власти рекоа дека од 4.000 мигранти, кои моментно се наоѓаат во градот, во близина на границата има 400 деца.
Повеќето мигранти имаат намера да поднесе барање за азил во САД, но бидејќи бројот на мигранти е голем, додека властите да ги разгледаат сите барања, потребно е време, пишуваат медиумите и додаваат дека некои мигранти би можеле да чекаат и по повеќе од една година за азил.
Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Mатис, рече дека Белата куќа дала овластување, доколку е потребно, војската да ги брани царинските службеници и границата со Мексико.
АП пишува дека ова значи оти Mатис има овластување во случај на насилство или други инциденти на границата да испрати војска да го брани персоналот и да апси мигранти.
Mатис рече дека армијата нема да го преземе овластувањето на органите на прогонот, но и дека мигрантите би биле задржани само неколку минути или часови, но додаде дека тие ќе имаат овластување да се отвори оган ако е потребно. Армијата ќе интервенира во југозападниот дел на границата, само во случај на посебно барање на Министерството за внатрешна безбедност, објасни Mатис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.