Европа
(Видео) Избегале во планина за да се спасат од коронавирусот, завршиле со смрзнатини и казна
Брачна двојка решила спас од карантинот воведен во Шпанија да побара во планините. Завеани во снежна виулица, тие одвај успеале да се спасат од смрзнување.
43-годишниот Перуанец и неговата 32-годишна сопруга Русинка биле убедени дека бегајќи во планина ќе се спасат од коронавирусот.
Spanish couple had a big brain time and decided to escape #coronavirus lockdown by hiding in the mountains. Neither of them was Bear Grylls so after two nights in the freezing cold they suffered from hypothermia and had to call the police for help
MORE: https://t.co/qhB9uulFDc pic.twitter.com/AqUPD3OVcP
— RT (@RT_com) March 23, 2020
Како што се гледа на снимките на Шпанската цивилна гарда, несреќната брачна двојка не се сместила во удобна колиба со камин, туку самите морале да се снаоѓаат и од собраните гранки да направат некакво засолниште, бидејќи, за жал, бегството се совпаднало со силно снежно невреме.
По две ноќи во импровизирано засолниште во ледени услови, жената почнала да чувствува вртоглавица и не можела да оди, па сопругот бил принуден да повика полиција.
Цивилата гарда и Шумската спасувачка служба 48 часа се обидувале да ги пронајдат и да ги спасат и да ги вратат во Мадрид.
На крајот, покрај смрзнатини, добиле и казна бидејќи ги прекршиле на карантинските правила воведени во Шпанија поради епидемијата на коронавирус, според кои им се забранува на сите жители да ги напуштат своите домови, освен да одат во продавница или аптека.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.