Свет
(Видео) Индија и Пакистан ги претвораат возовите во мобилни болници
Националната железница во Пакистан ги претвори сите вагони од бизнис-класата во подвижни одделенија за пациенти со Ковид-19 додавајќи илјадници болнички кревети во борбата против вирусот, потег сличен со проектот во Индија, пренесува РТ.
Мобилните единици за изолација се подготвени да заминат во кој било дел од земјата поврзан со железнички линии нудејќи им помош на локалните власти во најтешко погодените региони на Пакистан, објави министерот за железници, Шаик Рашид Ахмад, на железничката станица „Равалпинди“ во Пенџаб.
Pakistan Railways #Rawalpindi Division has dedicated 6 coaches as a special quarantine ward. 40 beds with complete medical facilities and attended by doctors are made available for the isolation of suspected COVID19 cases #Pakistan #Railways #Coronavirus #COVID19 @DevelopmentPk pic.twitter.com/UstDZr6gt7
— Ik Information (@IkInformation) March 31, 2020
Речиси 220 вагони се специјално опремени за сместување и лекување пациенти, во секој од нив има девет кревети, пишува весникот „Дон“. Железничките станици во сите седум региони под Железницата на Пакистан – во Лахоре, Карачи, Кува, Сукур, Равалпинди и Мултан – исто така се опремени со 100 кревети и вентилатор, дополнително намалувајќи го притисокот врз локалните здравствени системи.
Пакистан ги суспендира сите патнички услуги со железницата поради пандемијата на Ковид-19 дозволувајќи им само на товарните возови да испорачуваат храна и пратки со резерви во целата земја.
Ахмад рече дека се надева оти патничките линии може да бидат отворени во април, но истакна дека тие ќе останат затворени додека властите не ја стават под контрола епидемијата на Ковид-19, со кој се заразени приближно 1.700 Пакистанци, а починале 21.
#Pakistan #Railways Introduces 300-Bed Quarantine Trains In Seven Cities
The Pakistan Railways Inaugurated On Monday Quarantine Trains, Comprising 300 Beds, In Seven Cities Across Pakistan Including #Karachi, #Rawalpindi #Sukkur And #Multan. pic.twitter.com/AIFcs41LwO
— Developing Pakistan (@DevelopmentPk) March 30, 2020
Индија исто така најави планови да ги претвори железничките вагони во подвижни оддели за изолациија, при што државните индиски железници викендот претставија прототип за проектот. Кога ќе добие одобрение од властите, железничкиот оператор се надева дека ќе претвора 10 вагони во карантински единици секоја недела за да ги опслужи своите 16 зони, кои ја сочинуваат четвртата најголема железничка мрежа во светот.
Индија досега потврди околу 1.250 случаи на зараза со Ковид-19 со 32 смртни случаја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.