Свет
(Видео) Индонезиската морнaрица бара начин да ги извади остатоците на подморницата и телата на морнарите
Денес, индонезиската морнарица се обидува да открие како може да ги отстрани остатоците од подморницата од дното на Балиското Море и телата на 53 морнари, кои настрадаа.
Подморницата „КРИ Нангала-402“ од германско производство, откриена вчера на морското дно, се скршила најмалку на три дела, и тоа четири дена по изгубениот контакт со неа додека се подготвуваше за вежба за торпедо, објави „Ројтерс“.
SUNKEN INDONESIA SUBMARINE: Underwater images from Singapore’s submarine rescue vessel, the MV Swift Rescue, show wreckage from the sunken KRI Nanggala-402. Rescuers found the submarine broken into at least 3 parts in the Bali Sea. pic.twitter.com/cTIGaXlhnb
— Ericssen (@EricssenWen) April 25, 2021
Роднините се собраа на брегот на морето на Бали за да им оддадат почит на морнарите што загинаа и ги повикаа властите да ги извадат нивните тела.
Indonesia’s military chief Marshal Hadi Tjahjanto confirmed that the missing submarine KRI Nanggala-402 was found broken into at least three parts and all crew members on board the sunken vessel died https://t.co/2Ngp3MZCPL pic.twitter.com/3KT7YxeyUE
— Reuters (@Reuters) April 25, 2021
Експертите велат дека подигнувањето на подморницата на површината од длабоката вода ќе бара посебна опрема за спасување.
Портпаролот на индонезиската морнарица, Џулиус Виџојоно, изјави дека за операцијата за извлекувањеа сè уште се разговара со експерти и меѓународни тела.
Индонезискиот претседател, Јоко Видодо, им изрази сочувство на роднините и вети дека државата ќе го финансира образованието на децата на загинатите морнари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Египет го достави предлогот на Хамас до Израел за едногодишен прекин на огнот во Газа
Египетските власти му доставија на Израел предлог изготвен од Хамас, со кој се бара едногодишен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за радикалните Палестинци да ги запрат нападите врз израелските сили, објави ТВ каналот Ал Хадат со седиште во Дубаи.
Според извештаите, Египет го доставил предлогот на Хамас до израелската делегација. Изворите наведоа дека и Египет презентирал сопствена иницијатива, барајќи од Израел целосно да ја прекине операцијата во градот Рафах на југот на Појасот Газа во близина на египетската граница, пренесе ТАСС.
За возврат, египетските власти ветуваат дека ќе обезбедат „напредок во разговорите“ со радикалните палестински групи за ослободување на израелските заложници што ги држат во Појасот Газа, велат изворите.
На 1 декември 2023 година, израелската армија го обвини Хамас за кршење на примирјето што стапи на сила на 24 ноември и за продолжување на борбените операции во Појасот Газа.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.