Европа
(Видео) Италијанскиот Робинзон Крусо го напушта островот по 30 години, се сели во стан
Човекот познат како италијански Робинзон Крусо, кој живее сам на еден медитеранскиот остров повеќе од 30 години, рече дека под притисок на властите решил да го напушти островот и да се пресели во мал стан.
Мауро Моранди (81) закринкал на островот Будели во близина на Сардинија во 1989 година (познат по розовата песочна плажа) откога неговиот катамаран се расипал на пат кон јужен Пацифик.
Моранди тогаш открил дека чуварот на островот треба да се пензионира за два дена, па решил да се откаже од патувањето, да го продаде бродот и да ја преземе неговата улога.
Оттогаш Моранди ги запознал сите карпи, дрвја и животински видови на тоа островче, пишува британскиот весник „Гардијан“.
Моранди сега вели дека одлучил да го напушти островот кон крајот на месецот откога добил неколку закани за иселување од страна на властите на Националниот парк Ла Мадалена, кои ја водат Буделија од 2016 година и сакаат да го претворат островот во нешто што е опишано како центар за еколошко образование.
„Се откажав од борбата. По 32 години тука, се чувствувам многу тажно што заминувам“, рече Моранди.
Моранди, по потекло од Модена, централна Италија, рече дека се преселува во мал стан во близина на Мадалена, најголемиот остров на архипелагот.
„Ќе живеам на периферијата на главниот град, така што ќе одам само на шопинг таму, а преостанатото време ќе бидам сам. Животот нема да ми се промени премногу, сепак ќе гледам во морето“, рече Моранди.
Со години го чуваше островот без никакви проблеми, ги расчистуваше неговите патеки, ги одржуваше плажите недопрени и ги подучуваше излетниците за неговиот екосистем.
Но, улогата на Моранди беше загрозена кога банкротира приватната компанија која беше сопственик на островот.
Плановите за продажба на островот во 2013 година на Мајкл Харт, бизнисмен од Нов Зеланд, кој вети дека ќе го задржи Моранди, беа спречени по протестите и интервенцијата на италијанската влада.
Во 2016 година судија од Сардинија донесе одлука островот да се врати во рацете на јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.