Свет
(Видео) Како си помина во вселената најбогатиот човек во светот: еуфорија, бакнежи и бонбони
Американскиот милијардер, Џеф Безос, вчера полета во вселената и се врати и покрај петициите, заедно со уште тројца патници – брат му Марк, средношколецот Оливер Димен и 82-годишната Воли Фанк.
Според „Блу ориџин“, најголемата висина достигната од ракетата била 107,05 километри, со што „Њу Шепард“ на Безос ја надминал границата на вселената, т.н. карманова линија, што е на 100-ина километри.
Тогаш екипажот доби можност да помине неколку минути во бестежинска состојба и да ја набљудува Земјата од висина, а тоа им го овозможи бродот со најголемите прозорци што некогаш бил во вселената.
Исто како и Ричард Бренсон и неговите патници, кои девет дена претходно направија слично патување со бродот „Вирџин галактик“, Безос и неговите патници се одврзаа, лебдеа и се тркалаа во воздухот. Како што може да се види на снимките од внатрешноста на капсулата, објавени по летот, основачот на „Амазон“ – кој ја напушти оваа компанија за да се посвети на „Блу ориџин“ и на вселенскиот туризам – се восхитуваше на недостигот на гравитација со екипажот кога стигнаа на надморска височина над 107 километри.
„Ова е неверојатно“, вели еден од патниците гледајќи низ прозорецот.
„Дали ова патување е сè што мислевте дека ќе биде?“, ја праша Безос иконата на авијацијата, Воли Фанк, која била обучувана за астронаут во шеесеттите години, но како жена никогаш не добила шанса да им се придружи на експедициите.
„Фантастично е!“, одговори таа, а во еден момент радосно го бакна Безос во обрзот.
„Ројтерс“ наведува дека летот на 57-годишниот милијардер до работ на вселената траел 10 минути и 20 секунди, а капсулата со патниците се вратила на Земјата со помош на падобран. Безос излезе од капсулата со каубојска капа на главата и рече дека ова е неговиот најдобар ден досега.
Подоцна додаде дека искуството го потсетило на тоа колку е мала Земјата.
„Атмосферата е огромна. Но, кога ќе се качите горе, ќе видите дека тоа е мала, кревка работа“, нагласи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.