Свет
(Видео) Масовни протести во Лондон против Брегзит
Илјадници луѓе излегоа во центарот на Лондон против одлуката на Велика Британија за излез од ЕУ. Организаторите на т.н. „Народно гласање“ ја обвинуваат Владата на Тереза Меј за хаотично водење на преговорите за напуштање на ЕУ и за занемарување на интересите на граѓаните на Британија. Според нив,Брегзит не е завршена работа и мора да се чуе конечниот збор на народот.
„Брегзит е толку голема работа, за што не може да одлучуваат само 650 политичари, туку сите 65 милиони луѓе во земјава и затоа денеска сме тука, за да се чуе гласот на народот“, изјави еден од организаторите, Џејмс Мекгрегори од „Отворена Британија“.
Собирот се случува откако високи министри во Кабинетот, меѓу кои и Лиам Фокс и Дејвид Дејвис, укажаа дека Велика Британија се подготвува да се повлече од разговорите без договор. Протестите се дел од најавената кампања на повеќе организации чија цел е да го зголемат притисокот врз Тереза Меј и Џереми Корбин.
Две години откако земјата со 52 до 48 отсто изгласа да го напушти најголемиот светски трговски блок, анкетите покажуваат дека политичките поделби за брегзитот сè уште се силни и дека, и покрај конфузијата околу тоа што ќе значи брегзитот, нема некое видно поместување.
Според Ројтерс, друга анкета неделава покажа дека 48 отсто од испитаниците го поддржуваат одржувањето референдум за конечниот договор, додека 25 отсто се против.
Говорејќи на Би-би-си радио, Јирген Мајер, шеф на германскиот производител Сименс во Велика Британија, рече дека слоганите за брегзитот се „неверојатно бескорисни“. „Она што сега треба да го направиме е да се доближиме до нашите европски партнери и да разгледаме еден реален, прагматичен брегзит, корисен за двете страни“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.