Свет
(Видео) Момче од Русија се качило во погрешен автобус – барајќи го патот до училиште смрзнало до смрт
Максим К. излегол од својот дом на 27 декември околу осум часот и се упатил во училиште до каде требало да патува со автобус кој превезува деца, но се качил во друг минибус и се симнал на една од станиците.
Според руските медиуми, момчето се упатило кон ендек, а потрагата по него била неуспешна тоа попладне поради силна снежна бура. Трагите му биле покриени со снег, јавува Рен ТВ.
Момчето наводно се движело по брегот на реката. Телото било пронајдено дури вечерта на 28 декември, откако облеката на момчето светела, а тој наводно починал од хипотермија.
Објавена е и снимка од надзорната камера на која се гледа како изгубеното момче талка наоколу барајќи пат до дома.
Според изворот, мајката на момчето не учествувала во потрагата по него – таа наводно пазарела во тоа време. Медиумите пишуваат дека се работи за многудетно семејство и дека мајката претходно била кривично гонета.
Медиумите пишуваат дека Максим има три сестри и двајца браќа.
Од училиштето во кое учело момчето ги известиле родителите и полицијата дека не присуствувал на првиот час.
Бидејќи момчето, ученик во второ одделение, не се појавило во училницата, тие веднаш го вклучиле алармот.
– Автобусот оди одредена рута, родителите ги носат децата или чекаат со нив. Доколку неговите родители биле со него пред да се качи во автобус немаше да се случи ова, изјавила директорката на училиштето.
Полицијата спроведува истрага за случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“, повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува Танјуг.
Полицијата во моментов спроведува истрага со проверка на робата во продавниците, поради што се уште не се знае конечната количина на дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.