Свет
(Видео) Моќен говор на премиерката на Нов Зеланд: Никогаш нема да го изговорам името на терористот кој уби 50 луѓе
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, во својот прв говор во националниот парламент по терористичкиот напад што се случи во петокот во џамија во Крајстчерч ѝ оддаде почит на муслиманската заедница и вети дека на убиецот нема да му го даде публицитетот што тој го посакува.
„Во центарот на овој терористички чин на мислиманската заедница во Нов Зеланд е еден човек. 27-годишен маж, австралиски државјанин, обвинет за едно убиство. Ќе следуваат и други обвиненија. Тој ќе се соочи со полната сила на новозеландските закони. Семејствата на загинатите ќе добијат правда“, рече Ардерн.
Во терористичкиот напад, додаде таа, тој имал многу намери, а една од нив е публицитет.
„Затоа од мене никогаш нема да слушнете дека го изговарам неговото име. Тој е терорист, тој е криминалец, тој е екстремист. Но кога ќе зборувам за него тој ќе биде безимен. И сите ве молам да ги кажувате имињата на оние кои ги изгубивме, а не и името на оној кој ни ги зеде“, рече Ардерн.
„Можеби барал да биде познат и озлогласен, но ние во Нов Зеланд нема да му дадеме ништо од тоа. Дури и неговото име. Исто така, ќе ја преиспитаме и улогата на социјалните мрежи во овој случај и чекорите што можеме да ги преземеме“, порача премиерката.
„15 март засекогаш ќе биде врежан во нашата колективна меморија. Во мирното попладне во петокот еден човек упадна на место каде што имаше мирна богослужба и одзеде 50 животи. Тоа мирно петочно попладне стана најмрачниот ден за нас. Но за семејствата тој ден беше многу повеќе од тоа. Беше ден кога едноставниот чин на молитва, практикувањето на нивната муслиманска вера и религија доведе до загуба на животите на нивните најмили. Тоа беа нивни браќа, ќерки, татковци и деца. Тие беа Новозеланѓани. Тие беа ние. Како нација и понатаму ќе бидеме во состојба на готовност. Иако моментно не постои конкретна закана, ќе бидеме внимателни. За жал, во земји кои ужасот од тероризмот го познаваат подобро од нас, постои тенденција за зголемени тензии и акции во неделите кои следуваат, што значи дека мора да бидеме будни“, рече Ардерн.
Таа додаде дека во Крајстчерч на сила се дополнителни мерки на безбедност, а во џамиите ширум земјата полицијата постојано ќе биде присутна сè додека нивните врати се отворени. Кога ќе бидат затворени, полицијата ќе биде во близина.
„Знам дека со право се поставуваат прашања за тоа како можеше ова да се случи тука. На место што се гордее со отвореност, мирољубивост и разноликост. Постојат многу прашања на кои треба да се одговори и ви гарантирам дека тоа ќе биде направено. Вчера владата даде согласност за отворање истрага што ќе се занимава со настаните кои довеле до нападот на 15 март. Ќе испитаме сè што сме знаеле, како и тоа што не сме го знаеле или сме можле да го знаеме. Нема да дозволиме ова да се повтори“, рече премиерката.
Таа најави дека ќе се сменат законите за оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.