Свет
(Видео) Напаѓачот од Нов Зеланд пред нападот слушал српска песна, а на оружјето имал испишано имиња на српски борци
На Нов Зеланд се случи терористички напад врз две џамии во градот Крајстчрч, во кои убиени се 49 верници, а десетици се ранети. Светските медиуми пренесуваат снимка од автомобилот на напаѓачот, кој се претставува како Брентон Терант, што тој ја емитувал во живо непосредно пред извршувањето на нападот.
Пред влегувањето во џамијата може да се забележи како напаѓачот ја слуша песната „Од Бихаќ до селото Петровац“, пишува српски „Телеграф“. Хрватски „Индекс“ додава дека во песната што ја слушал напаѓачот се споменува и името на осудениот воен злосторник Радован Караџиќ. Оваа видеоснимка може да ја гледате на следниов линк.
На оружјето со кое Теран го извршил нападот имало испишано многу зборови на англиски, но меѓу нив може да се забележат и некои на кирилица.
Меѓу другите, може да се прочитаат и зборовите „Бајо Пивљанин“ и „битка“, а напишани се и имињата Милош Обилиќ, Марко Миљанов Поповиќ, Стефан и Лазар.
Покрај неговите подготовки додека патувал со автомобилот, напаѓачот со камера „Го про“ го снимил и самиот терористички чин, односно убиствата на верниците во џамијата.
Video made by the killer while shooting muslims in mosque: Christchurch mosque massacre: 40 confirmed dead in terrorist attack; four arrested – three men, one woman pic.twitter.com/pgezgUwYio
— Naike Arif ?? (@naike_arif) March 15, 2019
Oфицијалните лица на Нов Зеланд го нарекоа овој ден најмрачен во земјата.
Во врска со нападот уапсени се четири лица, од кои три мажи и една жена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција
Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.
Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.
Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.
Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.
Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.
На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Свет
Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.
Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.
Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.
Регион
Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ
Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.
„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.
„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.
Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.