Европа
(Видео) На Фарските Острови продолжи масовниот лов на китови, кој многумина го нарекуваат варварска традиција
Светските медиуми и годинава објавија вознемирувачки снимки и фотографии од ловот на китови на данските Фарски Острови.
Студентот на Универзитетот „Кембриџ“, Алистер Вард (22), бил во туристичка посета на Фарските Острови и го фотографирал традиционалниот лов на китови во заливот во Сандавагур. Организациите за заштита на животните и заштита на животната средина објавија снимки од убиените китови и ја осудија варварската традиција на Фарските Острови.
“I struggle with traditions and self-assertion as excuses for the mercilessness I witnessed. Today, there are alternatives to whale meat. Nobody has to starve on these islands any more” ~> https://t.co/nBRmP58mL1 @cetajournal #FaroeIslands #whaling #whales #dolphins pic.twitter.com/5ErNpgciTs
— Blue Planet Society (@Seasaver) August 13, 2018
Овие 18 помали острови се наоѓаат во северниот Атлантски Океан меѓу Норвешка и Исланд. Жителите на оваа област со векови ловеле китови, но бруталните сцени и натаму се шокантни за многу туристи и посетители.
Би-би-си објави неколку фотографии направени од Аластер Вард, кој изјавил дека бил шокиран од бројот на китови убиени во заливот.
Fun day out #FAROEISLANDS STYLE! Boycott these barbarian throwbacks and Denmark that supports them #BoycottDenmark pic.twitter.com/Zg6wy3CXT9
— Poppy West (@inextremis88) August 13, 2018
„Ги насочуваа китовите кон заливот и ги тепаа со весла. Кога китовите се приближија доволно до плажата, целиот град се затрча кон нив и почна да ги убива. Учествуваа и деца кои влечеа јажиња и скокаа на труповите од мртвите животни. Седев таму без зборови зашто малку бев вознемирен“, објаснил студентот.
Жителите на Фарските Острови велат дека ловот на китови е регулиран со закон и дека животните се убиваат на начин што предизвикува најмалку страдање. Тие исто така објаснуваат дека станува збор за одржлив лов бидејќи од 100.000 кита што годишно минуваат покрај островите, жителите убиваат само 800“.
Сепак, Вард изјави дека е загрижен за начинот на кој жителите ги убиваат китовите.
„Нивното цивкање беше страшно. Им зариваа куки во отворите за дишење, ги влечеа со јажиња, а потоа ги колеа со ножеви. Според мене, китовите не се убиваа на хуман начин“, рекол студентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.