Свет
(Видео) Невин одлежал 39 години во затвор, сега ќе добие 21 милион долари
Градот Сими Валеј во Калифорнија ќе му исплати 21 милион долари на 71-годишен човек кој речиси четири децении бил незаконски затворен поради наводно убиство на маж и четиригодишно дете во 1978 година, објави Си-ен-ен.
„Не постојат пари што би можеле да му го надоместат она што му се случило на Крег Кули, но спогодбата во овој случај е исправна бидејќи се работи за него и за нашата заедница“, се наведува во соопштението.
Многу често погрешно осудени лица мор да се впуштат во долготрајни правни битки за да се изборат за надомест за времето поминато во затвор бидејќи локалните власти вообичаено ги обвинуваат своите претходници. Во овој случај полицијата го отворила неговиот случај и добила поддршка од јавниот обвинител на округот, Вентура Грегори Тотен.
Пред неколку месеци Кули поднел федерална тужба за граѓански права по што сега градот му исплаќа дополнителни милиони долари. Градот ќе плати 4,9 милиони долари, а остатокот доаѓа од осигурувањето и други избори.
Истражителите во приватна лабораторија пронашле биолошки примероци за кои првостепениот суд побарал уништување во 1980 година по изрекувањето на пресудата на Кули.
„Клучниот доказ, на кој била темелена пресудата, воопшто не содржи негова ДНК, туку на други лица“, стои во соопштението. На тој начин тој бил прогласен за невин и ослободен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.