Свет
(Видео) Нетанјаху им порача на Иранците: Штом го запревте Роналдо, можете да ја соборите и владата
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави видео во кое жонглира со фудбалска топка и ги повикува Иранците да ја соборат владата во својата земја.
Нетанјаху им порачува на Иранците дека можат да ја соборат владата, зошто целиот свет видел како нивните фудбалски репрезентативци успеале да го запрат Роналдо. Нетанјаху се обрати и кон иранската опозиција и рече истата да побара инспирација во настапот на националниот тим против Кристијано Роналдо и да се охрабрат за да и се спротивстават на актуелната влада.
„Му порачувам на иранскиот народ: Покажавте храброст на теренот и денес покажавте иста храброст на улиците на Иран“, вели Нетанјаху во видеото со наслов „Можете ли да го спречите Роналдо да даде гол?“.
„Иран има многу проблеми, загадување на воздухот, недостаток на вода, милијарди потрошени за тероризам“, додава Нетанјаху.
„Можете ли да замислите што би се случило ако иранската влада, наместо да ги фрла вашите пари во Сирија, Јемен и непотребните војни на Блискиот Исток, почне да инвестира во решавањето на внатрешните проблеми?“, запрашува израелскиот премиер во видеото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.