Свет
(Видео) Норвешко знаме запалено во Пакистан во знак на протест
Горењето на Куранот што се случи за време на протест на „Стоп за исламизацијата на Норвешка“ (СИАН) предизвика силни реакции во муслиманскиот свет.
Додека Турција и Иран издадоа официјални осуди, норвешкото знаме беше запалено за време на демонстрациите во Карачи заедно со американското знаме, објави норвешкиот национален радиодифузер НРК.
Хаштазите како #Boycottnorway и #Norwayattackonislam се тренд на Твитер заедно со повиците да се изолира скандинавската нација поради немањето почит кон религијата.
#Pakistani protesters burn #Norwegian & #US flags in #Karachi in response to last week’s burning of the #Koran in #Norway.#Pakistan pic.twitter.com/DR2gcCXeNe
— 5 News Australia (@5NewsAustralia) November 26, 2019
Премиерот на Норвешка, Ерна Солберг, на Инстаграм доби многу коментари за палењето на Куранот дури и во навидум неповрзани постови, како оној за женскиот фудбал.
Труд Масеиде, шеф за комуникации во норвешкото Министерство за надворешни работи, рече дека властите внимателно ја следат ситуацијата и се дистанцираат од палењето на знамето.
„Повредата на норвешкото знаме е инструмент од кој се воздржуваме токму затоа што не сакаме поларизирана социјална дебата. Иако ова е легално и во рамките на слободата на говорот, јасно е дека не се согласуваме“, рече таа.
Теленор, водечката телеком компанија во Норвешка, рече дека внимателно ги следат реакциите во социјалните мрежи и повиците за бојкот. Во еден твит, Теленор истакна дека почитта кон другите е една од нивните основни вредности и ги осуди делата кои не ја почитуваат религијата.
Во меѓувреме, пакистанското Министерство за надворешни работи го повика норвешкиот амбасадор да го извести дека со палењето на Куранот се повредуваат чувствата на 1,3 милијарди муслимани низ целиот свет, вклучително и оние во Пакистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.