Свет
(Видео) Нoва опасност во Австралија, се појавија смртоносни пајаци
Австралија годинава се соочи со екстремни пожари, поплави и град. Експертите сега предупредуваат на нова опасност – смртоносни пајаци.
Катастрофата што ја зафати Австралија во последните месеци создаде совршени услови за нивно размножување.
Влажните шумски области во источна Австралија стануваат природно опкружување за неколку видови пајаци познати по нивниот многу токсичен и брзодејствувачки отров.
?WARNING! FUNNEL-WEB SEASON IS HERE! ?We are issuing a message of warning to the public as recent wet weather conditions followed by hot days have created perfect conditions for funnel-web spiders to thrive.We're asking for any collected spiders to be brought to the park to contribute to our lifesaving antivenom program! ?️
Posted by Australian Reptile Park on Понеделник, 20 јануари 2020
Поради потенцијалната опасност, австралискиот парк на рептили со седиште во Сомерсби, Нов Јужен Велс, исто така објави дека има зголемување на присуството и активноста на овие пајаци последниве денови.
„Поради неодамнешниот дожд и топлите денови што ги доживуваме, смртоносните пајаци ќе почнат да се движат насекаде. Тие се едни од најопасните пајаци на планетата и ние мора да го сфатиме овој проблем многу сериозно“, рече портпаролот на паркот, Даниел Рамсај, во видеото објавено на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.