Свет
(Видео) Огромна колона од камиони пристигна на протест во Отава – Џастин Трудо се пресели на тајна локација
Огромен конвој од околу 50.000 канадски возачи на камиони во колона од околу 64 километри пристигна во Отава пред планираниот протест против задолжителната вакцинација.
Во меѓувреме, канадскиот премиер Џастин Трудо го напуштил својот дом во Отава со своето семејство и се преселил на тајна локација. Џастин Трудо претходно изјави дека има мало маргинално малцинство на неприфатливи ставови што е на пат кон Отава, нагласувајќи дека речиси 90 отсто од неговата земја е вакцинирана. Меѓутоа, возачите во таканаречениот „Конвој на слободата“ се лути поради неговата изјава и планираат викендов да покажат незадоволство во канадската престолнина. Висок парламентарен функционер ги предупреди пратениците да избегнуваат протести и да ги заклучат вратите поради извештаите дека нивните приватни домови може да бидат цел.
OTTAWA – A “few” truckers with “unacceptable opinions” now lead the world in the fight to end discrimination and division.
It’s time ?#TruckersForFreedom2022 #TruckerforFreedom pic.twitter.com/IiUSX4frJ5
— Bernie's Tweets (@BernieSpofforth) January 29, 2022
Конвојот ја напушти Британска Колумбија во неделата, а му се придружија и други демонстранти кои возат од источниот и јужниот дел на земјата. Американските камионџии – на кои им е дозволен влез во Канада само ако се вакцинирани – исто така се приклучија на огромниот конвој.
Иако водачите на протестите повикаа на мирен протест, некои изјави на некои учесници вклучуваа и закани со насилство. Полицијата во Отава најави дека ќе биде во состојба на готовност и подготвена да го уапси секој што ќе го прекрши законот, пренесува „Дејли мејл“.
The trucker freedom convoy is greeted by supporters in Salmon Arm, BC, Canada as it makes it’s way to Ottawa to protest mandates. pic.twitter.com/nSPtPOh9kv
— Marie Oakes (@TheMarieOakes) January 24, 2022
Од 15 јануари, сите канадски возачи на камиони кои не биле вакцинирани мора да го поминат тестот за Ковид 19 и да бидат ставени во карантин кога ќе се вратат од САД. Не смеат да влезат во САД освен ако не се вакцинирани, а американските возачи не смеат да влезат во Канада доколку не покажат сертификат. Сепак, американските возачи кои се враќаат во САД не мора да прават тест или да бидат ставени во карантин.
Дури 32.000, или 20 отсто, од 160.000 прекугранични возачи на камиони од Канада и САД би можеле да бидат исклучени од патиштата поради задолжителна вакцинација, проценува Канадската транспортна компанија. Од друга страна, канадскиот синдикат на камионџии го отфрли протестот и објави дека повеќе од 85% од камионџиите се вакцинирани.
A fringe minority?!CANADA ?? Ottawa Police officers open the closed roadway for truckers as the convoy arrives in the capital for the planned demonstration pic.twitter.com/87H9f5i4nO
— Zoetwaterman (@Zoetwaterman) January 29, 2022
Многу камионџии, исто така, објавија на социјалните мрежи дека продолжуваат да ја вршат својата работа и дека конвојот не ги застапува нивните права. Канада усвои некои од најстрогите протоколи за Ковид 19 во светот. Онтарио ќе ги затвори своите ресторани, спортски сали и кина само на почетокот на овој месец, а повторно ќе ги отвори на почетокот на февруари.
Canadian truckers have began to reach Ottawa. pic.twitter.com/0XzcBrks2q
— PBC174 (@PBC174) January 29, 2022
Вакцинацијата е задолжителна за работниците во јавните претпријатија од минатата година, а премиерот на Квебек најави дека планира казни за невакцинираните жители кои немаат медицинска причина да не ја примат вакцината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.