Свет
(Видео) Пазарот во Мексико Сити може да стане новo жариште на коронавирусот
Пазарот „Централ де Абастос“ во Мексико Сити, кој е голем како 327 фудбалски стадиони, ги загрижува властите затоа што лесно може да стане главно жариште на коронавирусот. Во нормални услови секој ден поминуваат до половина милион луѓе, според официјалните податоци од Изтапалапа, округот во кој има најмногу заразени со коронавирус во Мексико.
Покрај купувачите и продавачите, кои деноноќно работат за да ги снабдат сите поголеми синџири на храна, но и помалите дуќани и домаќинства, речиси 100.000 работници може да се видат стуткани во тесни премини редејќи вреќи со компири и ориз, како и кутии со банани, пренесува „Ројтерс“.
Во почетокот на мај владата го стави овој пазар во списокот со 89 локации кои имаат многу висок ризик од ширење на инфекцијата во обид да го спречат ширењето на коронавирусот. Сепак, затворањето на пазарот, кој снабдува околу 25 милиони луѓе, не е опција, така барем рече градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шејнбаум, потенцирајќи дека ваквиот потег ќе го уништи регионалното снабдување со храна.
Поради коронавирусот, пазарот работи со капацитет од 85 проценти. Во редовни околности секој ден пристигнуваат речиси 15.000 видови производи од целата земја, во повеќе од 60.000 возила. Мерките беа заострени дури кога се утврди дека 25 работници се заразени и двајца починале на пазарот, каде што секоја година се префрлаат околу 9 милијарди долари од рака на рака.
Една од мерките на заштита е забраната за влегување деца и бремени жени на пазарот, а здравствените работници почнаа да спроведуваат корона-тестови на самото место. Стотици полицајци и јавни службеници се распоредени на пазарот за да им ја измерат температурата на клиентите и вработените.
Сепак, и покрај сите мерки, минатата недела се регистрирани 34 нови случаи, а извршени се само 450 теста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.