Свет
(Видео) Пожар изби во болница за пациенти со ковид-19 во Индија, најмалку седум загинати
Најмалку седум луѓе загинаа во пожар, кој зафати привремена болница за пациенти заразени со коронавирус во Вијајавади, во југоисточна Индија.
Пожарот избил утрото околу 5 часот по локално време во хотелот во кој биле сместени пациентите. Пожарникарите го ставиле огнот под контрола, а преживеаните пациенти се преместени во друга болница.
Причината за пожарот не е позната и во тек е истрага.
Полицискиот инспектор изјавил дека во моментот на пожарот во болницата имало над 30 луѓе и дека бројот на загинати најверојатно ќе биде поголем.
Индија е трета земја во светот по бројот на заразени со ковид-19, со повеќе од 2,1 милиони инфекции и над 43.000 починати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија и Украина договорија размена на децата одвоени од нивните семејства за време на војната
Руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова денеска изјави дека Русија и Украина се договориле за размена на децата кои биле одвоени од нивните родители за време на конфликтот меѓу двете земји.
Преговорите за размената се водеа со посредство на Катар, при што беше договорено Москва да прими 19 деца и 29 од нив да испрати во Украина, пишува РТ.
Белова изјавила дека владата на Катар го следи списокот на деца кои ќе бидат разменети, како и дека ова е прво преговарање во живо меѓу Москва и Киев од почетокот на војната, пренесува Танјуг.
Свет
Маж киднапирал и сексуално злоставувал деветгодишно девојче во Лондон
56-годишен маж е обвинет за киднапирање и сексуално злоставување на деветгодишно девојче во Најтсбриџ, централен Лондон, пишува „Sky News“.
Имено, исчезнувањето на деветгодишното девојче било пријавено завчера, а мажот бил уапсен откако полицијата го запрела во западниот дел на градот.
Во тој момент со него било и малото девојче.
Се сомнева дека мажот се обидел да ја зашемети за да може сексуално да ја злоупотребува.
Тој се наоѓа во притвор и се очекува да се појави на суд на 22 мај.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.