Свет
(Видео) Полицајците клекнаа пред демонстрантите во САД
Неколку полицајци во Њујорк и полицајци од округот Флинт во Мичиген клекнаа на улица со демонстрантите, кои протестираа поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Полицијата сакаше да покаже солидарност со демонстрантите и да покаже дека не се за насилство.
Неколку полицајци во Њујорк клекнаа заедно со мирните демонстранти на тротоарот и му оддадоа почит на починатиот, пренесува Си-ен-ен.
Меѓу нив беше и темнокожиот шеф на полицијата во Бруклин, Џефри Мареј, пренесува АП.
Jamaica Avenue, Queens at 12:44pm pic.twitter.com/R96r7d7tph
— Esther-Lauren (@_estherlauren) May 31, 2020
Во видеото објавено на социјалните мрежи, може да се слушнат извици на насобраните – „благодарам“, упатени до полицијата.
Демонстрантите потоа ги опколија полицајците и клекнаа со нив.
Еден од демонстрантите потоа гласно ги изговори имињата на другите починати Афроамериканци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.