Свет
(Видео) Полицијата во Рочестер употреби бибер-спреј на деветгодишно девојче
На социјалните мрежи се појави видео од полицијата во Рочестер, на кое се гледа како полицајка става афроамериканско девојче во автомобил, со лисици на рацете, додека тоа вознемирено вика дека го сака својот татко. Тогаш полицајката се заканува дека ќе ја испрска со бибер-спреј.
По лавината коментари на социјалните мрежи, полицијата објави дека девојчето било суицидно и дека се заканувало оти ќе ја убие својата мајка.
Rochester police said this handcuffed, 9-year-old girl’s actions “required” them to pepper spray her.
Big trigger warning. Horrifying.
— Joshua Potash (@JoshuaPotash) February 1, 2021
Според локалниот весник „Демократ и хроника“, полицијата била повикана поради семејни проблеми, кои вклучуваат и потенцијални кражби на возила. Тогаш им се обратиле родителите на девојчето, кои рекле дека се плашат малолетничката да не се повреди себеси и другите. За девојчето се вели дека побегнало од дома пред да биде приведено во блиската улица.
Полицијата изјавила дека малолетничката се вознемирила и почнала да ги удира полицајците кога ги видела родителите. Потоа на девојчето му биле ставени лисици заради нејзина безбедност и по барање на родителите, соопштила полицијата. Детето не соработувало и одбило да ги стави нозете во автомобилот, а припадниците на полицијата морале да реагираат, се додава во полицискиот извештај, пренесуваат „Раша тудеј“ и „Спутник“.
Девојчето потоа било пренесено во болница, а подоцна се вратило кај семејството.
Во моментот полицијата го истражува инцидентот. На прес-конференција заменик-началникот на полицијата во Рочестер, Андре Андерсон, рече дека девојчето навестува оти сака да изврши самоубиство и да ја убие мајка си“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.