Свет
(Видео) Поместен бродот што го блокира Суецкиот Канал
Огромниот брод што една недела го блокира Суецкиот Канал е поместен рано утрово, пишува „Ројтерс“.
Бродот беше успешно поместен во 4.30 часот утрото и оттогаш се работи на неговата безбедност.
„Евер Гивен“ беше успешно вратен на својата соодветна позиција утрово во 4.30 часот и во моментот е безбеден“, соопшти компанијата на својот профил на „Твитер“.
?The Ever Given is floating?pic.twitter.com/GNzlzaom8q
— Evan Hill (@evanchill) March 29, 2021
Според „Блумберг“, иако спасувачите успеале да го стартуваат бродот, сè уште не е познато кога Суецкиот Канал ќе биде отворен за сообраќај, пренесуваат светските агенции.
„Веселфиндер“, страницата што го следи движењето на брод, го смени статусот за овој брод и напиша дека тој е на пат, односно дека бродот веќе не стои во место.
„Евер Гивен“, кој е долг 400 метри, дијагонално го блокира Суецкиот Канал во речиси бизарна несреќа минатиот вторник.
Потоа почна голема акција за придвижување на бродот, во која учествуваа и други бродови и багери копајќи песок на брегот со цел да го ослободат бродот.
Вчера беше постигнат првиот значаен успех кога бродот беше благо поместен и под него почна да тече вода.
Целиот брод беше поместен 12 часа подоцна, во текот на ноќта.
Во меѓувреме, беше создаден огромен метеж во сообраќајот пред Суецкиот Канал.
Најмалку 369 брода чекаа да поминат. Многумина размислуваа за повторно активирање на старата морска рута околу Африка.
Економската штета што беше претрпена се мери во милијарди долари, пишуваат агенциите.
Суецкиот Канал се наоѓа во областа на Египет и е една од најпрометните и најважни поморски патишта во светот. Каналот беше вештачки ископан во 1869 година и значеше огромна промена во морепловството бидејќи го скрати повеќедневното патување околу Африка со бродови што одеа од Европа во Азија и обратно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.