Свет
(Видео) Помош, помогнете – очајни повици на жени во Авганистан кои бараат евакуација
И покрај изјавите на талибанските лидери дека им ги гарантираат сите права на жените во Авганистан, на социјалните мрежи се појави снимка на која, како што пренесуваат светските агенции, жени кои се затворени молат да бидат евакуирани.
На Твитер е објавена снимка од авганистански девојки кои очајно ги молат американските војници кои го контролираат аеродромот во Кабул да ги спасат.
Painful video shows Afghan girls at #Kabul airport begging #US troops to let them leave #Afghanistan. These girls know what is coming for them in life under Sharia laws of #Taliban. They are allowed to go to school until age of 12. After that, Taliban turns them to child brides. pic.twitter.com/ycZeUOscWe
— Babak Taghvaee – Μπάπακ Τακβαίε – بابک تقوایی (@BabakTaghvaee) August 18, 2021
Mедиумите потсетуваат дека портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, изјави претходно, на првата официјална прес-конференција по падот на Кабул во рацете на талибанците, дека тие им ги гарантираат на жените сите права според шеријатскиот закон, додавајќи дека жените можат да работат во образованието и здравството.
Малкумина навистина веруваа во тоа, бидејќи талибанците веќе владееја со Авганистан според строгите шеријатски правила, во кои нема ништо друго освен жените да бидат затворени во куќи, покриени од глава до петици и да им користат на мажите за да имаат што повеќе деца. Исто така, според овие закони, на талибанските мажи им се потребни синови, а не ќерки, и ако жената роди девојчиња, постојат различни начини да се казни, анализираат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.