Свет
(Видео) Поради жештините во Австралија, змии се кријат во туш-кабини и ВЦ-школки
Во Австралија змиите се чести посетители на приградските дворови и домови. Тие се греат и уживаат на сонцето, но како што температурите се зголемуваат, влечугите бараат поладни места, како пукнатини во ѕидот, под просторот за печење скара или зад климатизерот.
Но, кога воздухот истовремено станува топол и сув, тие бараат места што се влажни, пишува „Вашингтон пост“.
Лук Хантли, ловец на змии од Квинсленд, во текот на рекордниот топлотен бран што ја погоди Австралија, често добива повици за отстранување змии од бањите. Минатата недела тој фатил питон од два метра, кој низ отворена врата влегол во туш-кабина со цел да се засолни од неподносливата жештина. Неколку дена претходно, во друга куќа, Хантли извлекол помала змија од ВЦ-школка.
Неодамна една жена од Брисбејн седнала на ВЦ-школката во својата слабо осветлена бања по што почувствала допири по кожата. Хелен Ричардс погледнала во школката и видела питон што гледал право во неа.
Просечната температура во Австралија е зголемена за 2 степена од 1910 година поради што има чести топлотни бранови и долга суша. Топлото време сè почесто привлекува змии во дворовите.
Австралија има приближно 140 видови копнени змии. Како што градовите се шират кон нивните природни живеалишта, жителите и нивните миленици често среќаваат змии, особено за време на пролетта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авион со 200 луѓе слета во Јапонија, по слетувањето, почна да чади
Јапонскиот државен радиодифузен сервис NHK објави дека се издигнал чад од авионот на All Nippon Airways, кој денеска слета на аеродромот „Шин Читозе“ во Јапонија.
Летот 71 полета од аеродромот „Ханеда“ во Токио со 200 луѓе. Нема извештаи за повредени.
NHK јавува дека чадот, кој се гледал од пределот на крилата по слетувањето, исчезнал кога моторот престанал да работи. Причината за чадот може да биде истекување нафта, според NHK. Индикаторот во пилотската кабина покажа губење на притисокот на маслото во системот што го контролира авионот.
Една од двете писти на аеродромот „Читосе“ беше затворена по инцидентот.
Во јануари, авион на „Јапонија ерлајнс“ и авион на крајбрежната стража се судрија на аеродромот „Ханеда“ и се запалија. Сите 379 патници и членови на екипажот на JAL се евакуирани, но загинаа пет члена од авионот на крајбрежната стража.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“, во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детаљ од овој грозоморен терористички чин во ‘Крокус’ идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во разни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји, рече рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.